Ајде да ги пречекаме "Шпанциве" и да им помогнеме да го преживеат и пребродат ова. Тоа е исправно и така треба.
Ако имаме сили да си ги согледаме крупните грешки во изминатава сезона, има шанси да се отвори портата за подобра 2016-та.
Ако се одвои субјективното влијание на некои клучни луѓе (што не верувам дека ќе се случи) и се избегне личната прекипеност на некои од нив, па онака автократски се одлучи = нема одење на СП кога немаме никаков успех (многу погубна варијанта, особено што е врзана со личен придонес на истите тие клучни луѓе), има шанси за брзо заздравување.
Некојпат, велат, повеќе се учи од поразите, отколку од победите. Во однос на самото ловење, после неколку СП можеме да согледаме некои работи на кои може да се влијае. Покрај оваа горното, можат да бидат многу перспективни решенијата за Лигата, изборот на Капитени, Репрезентацијата. Мора да се биде свесен дека имаме многу малку натпреварувачи, а многу повеќе крапџии. Можеби е време за поврзување на потребите на Репрезентацијата и државната Лига, па да се изберат ревири што послични на претстојните води на СП. Сезоната привршува и ни претстои долга зима на Форумов.