www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 6:34 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS111213141516»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 7:35 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Ice MAMBA НапишиCOLON
Ti barem znaes JANE prvata godina od MKA i prvata liga vo krapski ribolov imase edna ekipa koja lovese so obicni teleskopcinja so pomarangesti vrvovi pa sega se mozebi i najopremeni i megju podobrite ribolovci koj postojano vlozuvaat i vo sebe i vo krapskiot ribolov ,znaci samo treba jaka volja i sve ostanato ke si dojde istite tie imaat i megjunarodni natprevari a mislam i svetski prvenstva SAMO VOLJAAAAA i vreme
Кај и да е ќе те обесам. Не мора се да кажуваш. :D

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 7:43 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 27, 2011 12:17 am
МислењаCOLON418
marks НапишиCOLON
Ice MAMBA НапишиCOLON
Ti barem znaes JANE prvata godina od MKA i prvata liga vo krapski ribolov imase edna ekipa koja lovese so obicni teleskopcinja so pomarangesti vrvovi pa sega se mozebi i najopremeni i megju podobrite ribolovci koj postojano vlozuvaat i vo sebe i vo krapskiot ribolov ,znaci samo treba jaka volja i sve ostanato ke si dojde istite tie imaat i megjunarodni natprevari a mislam i svetski prvenstva SAMO VOLJAAAAA i vreme
Кај и да е ќе те обесам. Не мора се да кажуваш. :D
Loso ne kazav nisto profesore i segde javno kazuvam deka mi e CEST i zadovolstvo sto ve zapoznav i uste poveke i sto se imame druzeno pa i loveno zaedno ;) ;) :thumbs_up: P.S Imas golem pozdrav od Gergana i ti cuvam dve cedinja


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 8:14 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Успехот значи пат поминат.. имаш чурук опрема.. гледаш маани и недостатоци и се качуваш скала погоре.. и тоа е циклично се врти во круг.. се додека не се качиш таму горе.. најгоре.. високо со искуство..

Тоа искуство потоа можеш да го користиш..

Кој е поискусен.. тој што пробал 20 вида на конци и 30 вида на подвези и 30 вида на јадици.. или некој кој пробал 1/10 од другиов..

Сакам да кажам.. постои пат кој мора сите да го поминете.. патот кошта.. има патарини..

Заборавате дека опремата не лови.. таа е само алатка.. која овозможува дали полесно или малце по килаво да се изврши задачата..

Нешто што го заборавате е на натрпевари е исто битно да имате добар стол за одмор, кревет и шатор.. тенда и чадор..

Оние ситници кој ти одземаат време.. време кое е драгоцено и се брои во секунди.. што е побитно ти го зголемуваат стресот и нервозата..

Има многу видови на трски.. од кај па сите сте сигурни дека ке знаете да фрлате со HIs-Ive 200 или 220.. од кај сте сигурни дека нема да фрлам со спод или со сурф.. секој од нас е различен нема калап..

Така да кога размислувате за опрема немој да имате стеги и стереотипи дека пролоџик или некоја фирма МАД или други дека се не квалитетни.. реално гледајте ги работите.. Вискоката класа на опрема бара да си искусен.. да имаш време да ја научиш и да се адаптирапш на неа..

Јас сакам убава и квалитетна опрема.. но немора да значи дека само најскапата е тоа.. многу маркетинг трикови сум изел.. купувам опрема што одговара точно на потребите и точно на предизвиците..

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 8:49 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:11 pm
МислењаCOLON819
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Мартин ,за постов имас +5 ;)

_________________
www.ribar.com.mk


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 8:50 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
И од мене една петка ;)

( сале е жив 8-) )

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 9:44 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Што "СЕ" е ПОТРЕБНО за КРАПСКИ НАТПРЕВАРИ?

1. Опрема
2. Мајсторот - (искуство, знаење ....)
3. Мамци и прихрана
4. Тактика
5. Психо-физички квалитети
6. К'смет или среќа, како сакате
7. Организација, судии, почитување правила
8. Ревир (вода) која има добра површина, конфигурација, рибен фонд
9. Противници, конкуренти кои се предизвик

10. И кога се ова ќе се исполни, пак останува нешто непокриено, нешто што не било земено во предвид, за резултат, за успех во лига, на некој домашен или меѓународен куп или на Светско првенство па и WCC. Дувнал ветер спротивен од вас и отиде рибата:D :D :D

Овој спорт е релативен. Сите тоа го знаете. Секој, па и најобичен натпревар е приказна за себе.
Докази??? После повеќе од 10 години еден куп позитивни и негативни (повеќето) искуства, победи и порази (повеќето), можам само да заклучам дека НЕМА ПРАВИЛА ИЛИ ФАКТОРИ КОИ ГАРАНТИРААТ УСПЕХ. Твое е (ако имаш желба) да натреваруваш, да имаш желба за самодокажување и посебно за докажување пред крапската фела, да си обезбедиш она што ти е достапно и по џебот и по можност за набавка. Другото е непознаница на која никој однапред нема да ти даде одговор за било кој следен натпревар. Ниту Зилахи не успеал да ја дефинира судбината како редослед на однапред предвидени настани. :D :D :D
Кога зборуваме за идни натпревари, релативноста за мене е и убавина. Можност да го победиш Сергеј, Ицо, Зоран Смилчевски, Кокан, и сите постари и понови крапџии, да бидеш прв па макар и на еден натревар. А тоа овој спорт го нуди.
Кога зборуваме за до сега, релативноста е присутна на секој досегашен натпревар од постоење на крапски риболов кај нас и пошироко. Ете само употребете го зборот АКО се случеше тоа, а не ова во овогодишната лига, на оваа штотуку завршено СП. Секој кој ќе такмичи во следната лига догодина, ако ги испочитува основните принципи, има шанси да биде во Репрезентацијата:D :D :D
На пример Португал. Иако сите три екипи не можеле да влијаат на повеќето работи што таму се случувале, самокритиката е доблест и води кон прогрес кон развој. Утре некој друг ќе се најде во слична ситуација. Крапската суета никогаш нема да згасне, но барем да се намали малку и да отвори простор за конструктивна критика, за реална анализа.
Старите си заминаа, не ги барајте повеќе. Новите петли, лисици, зајци и сл., новите капитени, претседатели водат кон ново време. Треба да е поуспешно. Да споделиш искрено, несебично микс, бојла, хемија, систем, тактика, искуство од СП. Ако ништо друго барем со мерак да Ве читам.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 9:50 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 27, 2011 12:17 am
МислењаCOLON418
marks;Старите си заминаа, не ги барајте повеќе So tebe ili protiv tebe bi takmicel na nekoj privaten kup zdravje narednata 2014 godina ,Meto kapiten


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 9:55 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Стари коски сте Вие ... не се давате така лесно :D
осеќам дека ке мора да ве ''трпиме'' уште долго :lol: :lol: :lol:

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 10:54 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Темава не е за инатење, темава е отворена за да се дојде до вистинската поента.
За да се дојде до вистинската поента е кога секој кој сака да почне да натпреварува, треба да е свесен за
можните последици и проблеми на кој би наишол....

Еве еден пример...

Прво коло крапска лига, позиција бр.15.

16 часа без удар. Работев цела ноќ, цела ноќ ја барав рибата на половина час префрлајќи на 2-те хранилишта +
неколку позиции каде беше тешко да пласираш систем. Мотање, префрлање, мотање, префрлање....се така до
утрото каде го добивме првиот удар. Утрото во 5 часот, го разбудив Тафта за да смислиме начин и да му кажам
како пројдов во последните 4 часа...Ги сменив мамците кај мене, он кај него.

Пласирав на подалечното хранилиште, таму очекував поради скоковите последните половина час.
Фрлив...

Земав да варам кафе, и немаше 5 мин шпулната стегната до крај и почна да љуља родподот и параболикот.
Тоа беше првиот ран од 7-те кои ги изгубив.

Гоце беше тука и не чекаше многу...крена и почна да работи. Среќен целиот влегувам со кепот до колена да кепам.
Ете го си викам, дојде... :lepi:
Како го носи Гоце накај кеп, како седам да дигнам, на полметро од кепот скинаааааа.
Зошто скина???
Ајде може ноќта од префрлање, мада знаеше на мотање да ми заглави во прстенот.
Тоа главење на конецот ми се случи ноќта, само не бев приметил во темницата но сепак излегуваше без проблем
дек зафрлам со потешко олово.

Се до попладнето каде на префрлање, конецот комплтно не влезе помеѓу прстенот и пластиката.
СЕ разлабавиил комплетно, на 10 мотања закачуваше се додек скроз не заглави.

Како го вадам од прстен, гледам концеот оштетен, разјаден....одма видов колку е саат. Затоа ни скина на рибата!!!

КОја е цената што ја платив?

7 ГОЛЕМИ РИБИ ИЗГУБЕНИ во ТРЊЕТО, од тие 7 само една стигна до кепот - ПРВАТА ШТО СКИНА...кога шлапна беше
Шарко од околу 8-9кг...

Тој прстен што го разјадуваше конецот нас не остави без риба, лош пласман и со лош ум за понатаму.
Единствената риба која стигна до кеп ја изгубивме поради прстенот на машинката кој беше лабав.
Тоа дотогаш не ми се беше случило, машините беа сигурно некои 15 камапњи и 2 натпревари пред тоа. Јас не бев приметил...
Таа риба поради машинката не направи последни без риба 1-во коло. За друго да не зборувам...
Ете колку ме кошташе опремата од средна класа, опремата која брка работа...

Е тоа повеќе нема да си го дозволам!!!

Тоа на слободен ми се немаше случено, толку не работам на слободен, префрлив ноќта барем 20-30 пати....
Разликата е небо и земја!!!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 07, 2013 11:00 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 27, 2011 12:17 am
МислењаCOLON418
Тоа на слободен ми се немаше случено, толку не работам на слободен, префрлив ноќта барем 20-30 пати.Ja mislam tuka ti e greskata krapot se ceka ne se brka ako prefrlas 30 pati vo tekot na nokta ti be bate ja brkas ribata


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS111213141516»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 29 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum