Уништувањето на коритото на река Вардар,за жал и оваа година стави крај на сите надежи, дека нешто ќе се придвижи кон средување на речното корито, за живот на рибата, која е нападната од сите страни,како нејзината животна средина така и самото речно корито нејзиното живеалиште.Вардар, од мостот Обединети нации до каналот од Тафталиџе,го смени личниот опис така да ако некој риболовец случајно не бил долго време на овој потег,сега нема да го препознае.Уништувањето се одвиваше со еден багер и еден камион,од двете страни на река Вардар.Коритото на река Вардар после нападот не надминува половина метар,сите дупки се затрпани со песок и речни камења,не остана камен на камен,сето ѓубре кое беше таложено со години на брегот внесено е во водите на Вардар,за да се намали работата на камионот,наместо во камион- во река, корења, тиња и секакво ѓубре.Сето ова се одвиваше пред очите на љубителите на природата кои шетаа по кејот на Вардар.Сите природни острови, се откорнати и внесени во Вардар,со што коритото стана равно поле длабоко пола метро.Нека остане ова како писмен документ за следните генерации,да осознаат колку сме биле уништувачко расположени кон се што не опкружува,кон постоењето,кон природата.За чудо ниту еден напис,ниту еден апел од толку служби,здруженија и што уште не,за екологија и заштита на природата.Природното корито дефинитивно е мртво,затрпано со песок, камен,корења и секаков вид на ѓубре,израмнето со багер.Ете на кое ниво ни е свеста на сите нас без разлика дали сме во некое министерство за екологија, здружение или неми посматрачи,сите сме учесници во насилството врз природата,ако не не бива за чистење, за уништување сме најдобри,секоја чест, со еден багер и еден камион, успеавме за еден месец,да го уништиме коритото, кое природата го градела одкако тече Вардар,вака ако продолжиме со багерчево може чуда да праиме не само во нашата држава Македонија,можеме да го извеземе овој изум во цел свет,како да се уништи речно корито за месец дена целосно.
ova shto go napishal kolegava sve e tochno!
deneska bev na ovoj poteg.
nemozhev da go prepoznaam od zimoska do sega shto sve napravilo toa bagerche.
mi kazhuvaa ribarite deka od nadvor zimal vo rekata frlal.
prirodniot ostrov kaj mostot go nema,karpite golemite gi bitnale vo voda i niv gi nema,celoto krajbrezhje unishteno a bash tie grmushki beva sobiralishte na prirodna hrana za ribite,pagjaa insekti,zhabi itn...
celo techenije e smeneto a site znaeme deka toa beshe priroden zimuvalnik i mrestilishte na ribite.
ova e delot pod lepenec pa do kanal5 tv.
ama kako i dae muja zemav trskata na mojot prijatel i za 10min. fativ tri bojnika po 300gr. i edna mala mrena.
mi kazhava deka malite mreni gi imalo mnogu i deka uspeshen im bil mresttot
kako ke bide ponattaka posle ova vremeto kje pokazhe a siten bojnik vrije!!! krupen nema ni za lek!