Нашата вчерашна посета на езерото Подлес помина супер. Отидовме договорено, јас, Марјан, Лимун и еден другар на Марјан (Џинка). Претходно веќе Филип беше стигнат на езерото со неговите пријатели кои се вратиле од Дојран, и со себе донел уште еден куп риболовци да го посетат езерото. Сите беа задоволни од риболовниот ден. Си направија мерак. Се улови доста различна риба, која дел беше ослободена а дел рибарите си ја понесоа со себе.... (најчесто караш и плашка)...
Еве и некоја слика.....
Ова е еден почетник риболовец кој навистина имаше среќа дента
Улови 2 клена од по 1кг и едно крапче .... Насмевката на неговиот лик кажува доволно нели ?
Само беше малку несмасен (ко за прв пат) па крапчето му се прпелкаше по брегот
Езерото има крупна риба..... СИГУРНО..... Јас вчера имав удар на тапа(на лежење) на телескоп 5м со конец 22, на пченка...го држев 5 минути и не успеав ни од дното да го подигнам.....На неколку пати кога почна да се оддалечува ми го вадеше цел конец од машинката (мала машинка за пецање) и не успеав да го додржам се откачи......Сите рибари се собраа околу, делеа совети, сакаа да помогнат на секој начин, ама со таа опрема беше невозможно.....рибата си отиде.....
Не помина 1 саат после тоа колегата до мене имаше исто таков удар......му ја зема трската во вода, среќа беше близу и ја фати....ама амортизерот му свиреше како бормашина......
и пукна одеднаш.......си замина и таа риба.....
Ова се староседелците на езерото кои со лесна спрема е невозможно да се извадат..... Ме радува фактот што постојат во езерото, фактот што говори дека ги има и дека знаат да изненадат во даден момент и да подигнат адреналин секому.... Посетете го езерото и нема да зажалите....
Нашата дружба заврши доцна во ноќта со мезе муабет, и кебап вечера на бродот Панини
До следното видување од прекрасното езеро Подлес БИСТРО на сите спортски чесни риболовци