Исто така немој да заборавиш дека штуката е интелегентна риба, особено има изразено остар осет за надворешната околина. Биди тивок, не прави многу галама надвор од водата, а во водата слободно воблерите нека ти удираат на површина.
Друга работа со контрирањето на штуката.
Кога и да ловиш штука, кога ќе го добиеш ударот одма знаеш дали штуката е навистина добро закачена и најчесто нема потреба од некоја специфична појака контра. Немој да се разочаруваш од откачувања, штуката е добар мајстор за да се откачи од мамец. Таа е специјлист за death roll одосно тоа е карактеристична одлика на предатор како што е крокодилот, веројатно го има наследено тоа. Се врти во круг и излегува над вода се додека не се ослободи, вистински адреналин е тоа.
И гледај што почесто да ја враќаш во вода, многу во Македонија не ја сакаат во водите но таа е вистински заштитник на видовите на риба кога доаѓа до болести. Нели, ги јаде оние болните најчесто.
Неможев да најдам некое добро видео каде се лови на подлабоки места само на некои бари со по 2м длабочина па си помислив за езера би требало во подалбоко да ја бркам
Лошо сум разбрал
Ќе ја бараш, дали ќе почнеш од најплитко кон најдлабоко или обратно останува на тебе. Ако ја има во водата таа ќе ја нападне твојата презентација.