www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 02, 2024 7:29 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2021222324ELLIPSIS71»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 26, 2012 10:41 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 23, 2011 8:29 pm
МислењаCOLON178
ЛокацијаCOLONBitola
Сам бев и ништо не сликав
ама ќе има шо да гледа учитело (спиро) во иднина
оти пополека преминвам во скобал мајстор :eusa_dance: :eusa_dance: :eusa_dance:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 01, 2012 11:11 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
емил кко е бе таму накај вас, со водата и со рибата :?:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 01, 2012 12:24 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
emil.matoski НапишиCOLON
На Црн Дрим во овој период риболовците подобри резултати имаат на делот помеѓу с. Добовјани и с. Ложани. Се вади скобал и клен на леб со задолжителна прихрана.
Водата во Црн Дрим во последно време доста осцилира. Еднаш расти еднаш се намалува. Ова најмногу се чувствува во делот под мостот во с. Добовјани. Од оваа причина што и да кажам во врска со активноста на рибата на овој потег е моментално и не значи дека утре повторно ќе е така.
Доколку доаѓа некој да лови на тој дел и доколку водата е голема после мостот во Добовјани, би требало да има добар улов. Доколку водата е мала тогаш правец нагоре, се до мостот во с. Ложани.
Спиро ова сеуште е моја препорака.
Последниве денови се вадеше скобал во реонот на с. Ташмаруништа и во трската помеѓу Ташмаруништа и Добовјани.
Ноќеска и денес падна многу дожд во Струга. Ќе видиме како овој дожд ќе се одрази на риболовот во Црн Дрим.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 24, 2012 10:47 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Гледам дека по Вардар се кршат копјата, па ај малку да ве релаксирам ако можам.
Штотуку се вративме со рибочуварот од контрола по цело течение на Црн Дрим во склоп на нашиот ревир.
Риболов со недозволени средства немаше. Сите риболовци беа прашани дали забележале нешто такво и одговорот беше негативен. Пред зајдисонце скриени го набљудувавме теренот кај с. Ташмаруништа, но немаше никакви сомнителни движења. Ова посебно ме радува. Изгледа после изречената пресуда за рибокрадецот од тоа село работите позитивно ќе се променат. По стемнувањето со рефлектори беше пребаран речиси целиот терен кај с. Ложани и с. Враништа, но и таму не беше најден недозволен риболовен алат.
Од риба, во моментов, се лови скобал и по некој клен, а имало и по некој случаен удар на крап.
По тоа што го видов, можам да кажам дека сите риболовци денес имаа добар улов. Се вади крупен скобал на леб, нормално со доста прихрана.
Еве некоја слика од с. Ташмаруништа пред зајдисонце:

[ img ]

[ img ]

Еве и нешто од уловот на риболовците :

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

И нормално, тука е и рибочуварот Танче да провери дозволи и да не дозволи да се појават рибокрадци.

[ img ]

Доколку некој риболови на овој терен, најдобри локации за успешен риболов се реонот на с. Ложани и реонот на с. Ташмаруништа.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 24, 2012 10:54 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Браво Емил. Така се чува ревир.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 24, 2012 11:16 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maр 25, 2011 2:13 pm
МислењаCOLON330
ЛокацијаCOLONBitola
Cestitki za Emil i Tance koj si ja vrsi perfekt svojata rabota.
Kade e najaktiven momentalno skobalot?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 24, 2012 11:25 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
reonot na s. Lozani i reonot na s. Tasmarunista
:ok_ok:
:lol: :lol: :lol:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 9:31 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
emil.matoski НапишиCOLON
[ img ]
Ауу, го научи да лови риба? :)

Кај е каналчево, кај трските?

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 10:48 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Дали го научив?
Па Фисо веќе е подобар и од учителот.
А „каналчево“ :howitz: :cutthroat: е Црн Дрим на 200 метри над мостот во с. Ташмаруништа, веднаш позади куќите.
Во дворот на тој што го осудија за мрежарење :mrgreen:

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 12:57 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
:oops: Многу ми се виде мала реката, мислев да се е делот каде што се разделува, па ова да е едната страна (како канал) :"-

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2021222324ELLIPSIS71»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 23 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum