Гледам дека по Вардар се кршат копјата, па ај малку да ве релаксирам ако можам.
Штотуку се вративме со рибочуварот од контрола по цело течение на Црн Дрим во склоп на нашиот ревир.
Риболов со недозволени средства немаше. Сите риболовци беа прашани дали забележале нешто такво и одговорот беше негативен. Пред зајдисонце скриени го набљудувавме теренот кај с. Ташмаруништа, но немаше никакви сомнителни движења. Ова посебно ме радува. Изгледа после изречената пресуда за рибокрадецот од тоа село работите позитивно ќе се променат. По стемнувањето со рефлектори беше пребаран речиси целиот терен кај с. Ложани и с. Враништа, но и таму не беше најден недозволен риболовен алат.
Од риба, во моментов, се лови скобал и по некој клен, а имало и по некој случаен удар на крап.
По тоа што го видов, можам да кажам дека сите риболовци денес имаа добар улов. Се вади крупен скобал на леб, нормално со доста прихрана.
Еве некоја слика од с. Ташмаруништа пред зајдисонце:
Еве и нешто од уловот на риболовците :
И нормално, тука е и рибочуварот Танче да провери дозволи и да не дозволи да се појават рибокрадци.
Доколку некој риболови на овој терен, најдобри локации за успешен риболов се реонот на с. Ложани и реонот на с. Ташмаруништа.