Јас имам искуство во мрест на риби ама аквариумски. Не верувам дека се нешто посебно од другите бидејки и тие потекнуваат од езера или од реки од Јужна Америка.Имам размножувано караси, скалари и трифугастери и успешно ми се размножија. Еве вака, карасите сакаат нешто пониска температура од скаларите и тоа се движи од 20 до 24 степени и икрата ја положуваат во аглите на аквариумот или на некои предмети кои се наогаат во аквариумот и излегуваат од икрата после една недела и ведаш почнуваат да се хранат.Ph вредноста за карасите не е многу важна за да му смета на него. Скаларите се малку по специфични за мрестење и се многу тешко за мрестење. Скаларот сака да му е аквариумот поголем од 50 л (јас го мрестев во 70 л), да има многу трева внатре за да може да ја залепи икрата на неа. Температурата на мрест се двиѓи околу 25 до 27 степени, малите за прв пат пропливуваат за 7 до 10 денови.Специфично кај нив е тоа што кога еден пар ке се спои никогаш не се делат се до нивна смрт додека карасот се делат.
За хранење.
Како што кажа SantaFe, и јас ги хранам малдите риби со твдро сварено јајце ама само жолчката (белката вие може да ја измезите) ама на поинаков начин.
Можеби е чуден и смешен но е многу хранлив и брзо растат малите.Еве вака
Се зема една тврдо варена жолчка и се става во еден длабок сад (филџан, чаша) и се толчи се додека не се направи ситна потоа може да се стави на сонце едно 1 до 2 часа за да се исуши убаво. Потоа се зема една тегличка кашичка за бебиња и се меша со жолчката.Откако ке се измешат убаво да нема грутчиња се става во ситна газа. Се процедува неколку пати. Течноста што ке остане се користи првата недела и се дозира со шприц додека смесата што ке остане се остава во сад и се чува во фрижидер (јас и неа ја сушев и ја користев како прашкаса храна), се дава на младите после првата недела, но се слушувало и после 5 ден да ја јадат.
Се надевам колку толку објаснив од лично искуство како се размножуваат и се хранат млади риби.
Поздрав и се надевам дека младите крапчиња ке пливаат во некоја добро сочувана вода.