Одлично инфо Мирослав , уште подобар аквариум...
Околу филтерот , зборуваш за „home made“ стаклен надворешен филтер , така ?
А ме интересира што мислиш за надворешните канистери како овој на пример
http://aquashop.com.mk/index.php/filtri ... 0-389.html
Како што сум читал , ептен ги фалат , лесни за одржување , а екстра ефикасен...
За осветлувањето , имам точно 23W за 43-44 литри вода што сметам дека е доволно , а вклучено го оставам околу 8 до 10 часа со тоа што погоре кажав дека по неколку часа во денот аквариумот е неизбежно изложен на дневна светлина.
Околу подлогата , до сега имам сменето две , оваа во моментов е трета... Првата беа ситни камчиња со гранулација од 3-5 милиметри , втората беше кварц со гранулација од 2-3 милиметри , а последнава е кварцен песок со гранулација од 0,2-1 милиметар.
Филтрацијата ја вршам со внатрешна потопна пумпа со моќност од 80л/1h , и надворешно мало канистерче Atman со моќност од 70л/1h.
Вода менувам 30% на секои 10-15 дена во зависност од слободното време кое го имам. Водата е редовно одстоена 10-15 дена...
Храна, лисната (Арми најчесто) , тубифекс еднаш до два пати неделно , а кога има мали , тубифекс првите две-три недели...