kako sto gledate sukob na interesi.. potrosuvaci -ponuduvaci i nikoj ne moze ili ne saka da objasni oko lu dozvolava od ministerstvo.ako izvadime..ce si imame glavobolki?,ili ce lovime kako gospoda??.
Ако се извадат државни дозволи, главоболка ќе имаат концесионерите од внатрешноста, а риболовците ќе ловат како господа - без дилема.
Ако државната дозвола е скапа и ако не ја купуваат риболовците, концесионерите ќе бидат задоволни, а риболовците ќе имаат главоболки.
Јас навистина не знам што може да се направи за сите да бидат задоволни. Измена на Законот, можеби.
Ако преку РИБАР 2011 во 2013 се извадат 10 државни дозволи, ќе легнат 19000 на сметката на РИБАР. РИБАР тие 19000 ќе ги даде за порибување на некои ревири кои се нечија концесија. Значи, ќар ќе имаат реките и езерата каде што ќе порибиме.
Зошто „некои ревири“ да чекаат да бидат порибени со нечија помош, кога можат сами да си обезбедат средства за порибување од издадените дозволи?
Мене “нашата“ опција повеќе ми се допаѓа, подобро да платам нешто што знам каде ќе заврши, отколку да платам парагон или реверс за нечија пијанка во кафана.
Јас не можам да сум сигурен каде ќе завршат средствата од сметката на Рибар 2011. Можам само да верувам во тоа што ми го кажуваат. Можеби ќе донесете одлука да го порибите Подлес? Можеби ќе го земете Езеро Треска под концесија, слушнав дека било слободно, па ќе одлучите таму да порибувате. Секако дека и таму треба да се порибува, но што со ревирите каде што ќе ловат риболовците со државни дозволи? Нели и тамошните концесионери имаат обврска за порибување.
... отколку да платам парагон или реверс за нечија пијанка во кафана.
Па и ваквите здруженија ќе можат да продаваат државни дозволи. И овие здруженија ќе го намалуваат буџетот на, да кажам, поштените концесионери кои гледаат да состават крај со кра.