www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Дек 23, 2024 1:35 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 20, 2012 10:36 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Поттикнат од репортажата на Ристето за уловот на крапот од скоро 5 кг. на Ц.Река со 5м. боло стап и стандардна лесна спрема, сакам да ја разработиме и оваа тема. Имаше и Ицо Баитс коментар во кој кажува дека на 5 м. боло со 16-ка конец на Подлес успева да извади крап од преку 8 кг.
Сите сме свесни дека најголемиот дел од риболовците практикуваат стандарден риболов со болоњез и мислам дека совети и искуства од постарите колеги ќе бидат добредојдени и прочитани.

Многу често и скоро на секој од нас ни се случило кога најмалку очекуваме и кога чекаме караш, црвеноперка, попадика или бојник, да удри некој Крап, Мрена, клен 2+ па и Сом и тн. Знаење, среќа, трпение, подготвеност и што ли уште може да влијае во ваква ситуација.

Јас би сакал преку примери со опис на опремата и уловот, секој кој сака да го опише неговото искуство и притоа Ве молам имајте почит кон пишаното од било кој колега.

Еве го мојот пример кој го имам опишано и во друга тема:

Пред 4-5 години, ловам на Тиквешко во Ресавскиот дел. Длабочина не повеќе од 2,5 метри. Многу постар колега ми вика излегува доста крап и ќе седиме едно до друго ама да чекаш и ти крап :hit_head: Фрливме некоја рака пченка, ставив на болоњезите (едниот 4м. другиот 5-ка ДАМ), шпулните со 20-ка влакно, 6-ки или 8-ци јадици и чекам без тапа. Од 04:00 до 12:00, покажувам репсект и не пробувам за друга риба, не кревам врева, ловам на 12-15 м. од брегот. Крап скока на сите страни ама нема удар.
Ми пука филмот после 12:00, барам одобрение од дедо Ристо :howitz: и ставам шпулните со 14-ка влакно, 12-ка основна јадица, 2-ра јадица 14-ка и 1,5 гр. тапа. Ставам по едно зрно пченица и зафрлувам на истото место. Длабочината прилагодена 20 цм. над земја да е долната јадица.
1. Удар после 5 минути. Кратка борба и без многу помош и кажување извадив крапче од 1 кг.
2. Веднаш фрлам на истото место повторно удар, оди полесно вадам 600-700 гр. крапче.
3. Трето зафрлање, веќе цела обала почна да преврзува :D Тапата на 5-ката Болоњез тргна половина метар во страна и не тоне, контрирам и амортизерот извлече конец, како да е закачена за нешто. Веднаш рибата тргнува кон длабочината и ми зема околу 70 метри конец, мислам дека машинката ми се запали. Назад напред, отпушти, оди по брегот, застани и дедо Ристо по 4-от обид рибата ја имаше во кепчето. 4.1 кг. крап.

Кога си го враќам филмот еве што ме спаси во таа ситуација и на што според мене треба да се внимава:
1. Не многу користен конец (иако имаше чвор за 2-ра јадица издржа)
2. Амортизерот на машинката во 90% од случаите ми е прилагоден, на конецот кој го ловам 14-ка (освен кога забравам)
3. Болоњез дам 5-м, одлично ја замара рибата (1.700 ден. купен од Зоки Р.Приказни на времето). Но ако ми удреше на него со 20-ка конец може и рибата ќе го замореше Дамот :lol:
4. Немаше никакви препреки теренот, го познавам и не брзав. (ако бев на козјак, сигурно дека ќе остане со празни раце и празна машинка).
5. Многу важна работа која „Туторот“ ми ја сугерираше цело време. „Оди нагоре по брегот, не се доближувај до водата, кога ќе го донесеш до кепчето минимум 15 метри да си нагоре качен, остави ме мене јас ќе го нацрпам“.

Е според мене ова беше можеби и најважниот дел. Што повеќе конец тоа поголема еластичност и поголеми шанси на ваша страна.

Чекаме други примери, совети и дискусија.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 22, 2012 1:17 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
Seto toa sto go kaza Rade..no posebno e bitno da ne se brza i da ne ve fati panika i inaet.... :thumbs_up:

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 02, 2013 11:07 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Bobi_Brada НапишиCOLON
Ова е забележано со мојата камера викендов, 30.03.2013, на ГогоМонд.
Жално е само што не го извадивме крапот, а беше стварно риба за респект.

исто и слично нешто му се има случувано на тројца кои јас ги познавам после 50 мин борба со 0,12 конец крапот да биде како умрен донесен да кажам скоро за да се нацрпи ама конецот пука

што мислите има ли некоја тактика или некое друго решение да се намали ваквото ,,губење,, на риба :?:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 02, 2013 11:18 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Mislam deka e do konecot e dosta tenok i dosta se opteretuva nemoze da podnese tolku napor.
A kako toa da se izbegne poim neam od prosta pricina sto nemam fateno drasticno pogolema riba vo odnos na opremata koja ja imam.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 02, 2013 11:30 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
како би се избегнало тоа малтретирање на конецот
значи рибата кога ја качиме иаме ајде од прилика да речам 20 метри конец кој се растегнува некој 50-60 см

и како се намалува тоа растојание на метража така се намалува и еластичноста или растегливоста на конецот а при помалку конец - од машинката до рибата доага до оптеретување само на таа должина која за брзо време ги губи карактеристиките после толку напор тој ке се кине како да е обично влакно

што би се десило ако се проба да се вади со повеке метража или пак ако се има услов да се вратиме неколку метри наназад од обалата а со тоа и би оставиле повеке испуштен конец

што мислите има ли ова логика и дали би профункционирало

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 02, 2013 11:35 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
obozavam da vadam riba golema na lesna sprema :)
adrenalinot e najjgolem!

e sega shto e bitno...

prvo mestoto da dozvoluva da ja borish ribata.primer na ezero e 10pati polesno od na reka!
dokolku imash prostor za manevriranje vtora najjbitna rabota e da e namesten amortizerot!
da ne te fati panika!
ako si sedel i naglo ripnesh da secnesh na sonce da ne te udri zut minut,da goizbegnesh uspeshno a si pijel rakija :lol:
da ne gi slushash naokolu ribarite koga ti davaat soveti :lol:
da bidesh strpliv i istraen+fizichki pogotven.
osetot so amortizacijata na rakata i snaogjanje vo prostorot bitno mnogu za realizacija.
predhodno da se skenira vizuelno mesttoto i da se bide podgotven dokolku se najdesh vo vakva situacija da znaesh na kaj da ja terash :D
kvaliteten konec!
kvalitetna jadica i dobro vrzana!
srekja :mrgreen:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 02, 2013 11:37 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Spremi se vo cetvrtok na kafe kaj 2 satot...Da te zapoznam so covek sto na lesna sprema ima izvadeno kapitalci...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 02, 2013 11:46 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
ok :lepi:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 03, 2013 1:09 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Aпр 04, 2012 7:21 am
МислењаCOLON41
ЛокацијаCOLONСкопје
spiro_jas НапишиCOLON
како би се избегнало тоа малтретирање на конецот
значи рибата кога ја качиме иаме ајде од прилика да речам 20 метри конец кој се растегнува некој 50-60 см

и како се намалува тоа растојание на метража така се намалува и еластичноста или растегливоста на конецот а при помалку конец - од машинката до рибата доага до оптеретување само на таа должина која за брзо време ги губи карактеристиките после толку напор тој ке се кине како да е обично влакно

што би се десило ако се проба да се вади со повеке метража или пак ако се има услов да се вратиме неколку метри наназад од обалата а со тоа и би оставиле повеке испуштен конец

што мислите има ли ова логика и дали би профункционирало
Логика има и тоа многу.А за мене лично и правило е,само ако има место за идење наназад.
Од искуство!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 03, 2013 4:04 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
лафе
мене ми имаат удирано примероци кои едвам и прачката во раце се држела - а машинчето да дојде до степен на збудалување(за нецела минута 120метра конец да летне ), ама сум бил во таква положба да сум во вода на сам срт каде нема ни напред ни назад и од 6 удари сите ми скинале(зборам за крап), а за сом нема што да кажам мава и прави јадица или кине нема наназад - само напред оди :D
затоа и ја потегнав оваа дискусија - што би било ако би можело

а примерите кои ги наведов на моите пријатели биле од обала - ама не искористиле таа шанса да се подвратат наназад па им остана само да се пздрават од далеку со капиталецот

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum