Излетот беше планиран како термин,но како дестинација -не.Разгледувавме повеќе варијанти,и во договор со Мики и со еден колега од Грција-избравме едно мало езеро ,како локација каде што ќе се разонодиме по напорната недела.Бевме решени да бараме штука исклучиво на вештачка примамка Тука е моментот да искажам една голема благодарност до колегата модератор-Сашо за крајно убавиот потег што го направи за мене По само еден краток телефонски разговор,Сашо ми прати од Скопје една мала колекција на блинкери и воблери-која се покажа убиствена
По објаснувањата на езерото од страна на пријателот од Грција-бевме во пределот рано сабајлето,и како гуски во магла лутавме 2 часа додека да го пронајдеме скриеното езерце Откако го пронајдовме,малку ни олекна и со брзина на Усеин Болт,се растоваривме и почнавме со фрлање.Почнавме со Дамови кашики и едно Мепсче 4 .Штуката здиве
Се редеа штуки од секаков калибар.
Во водата имаше две чуварки.Во едната се ставаа помалите,а во другата поубавите.Планот беше да седиме два дена,и опремени со пумпа и буре,да донесеме многу живи штуки во Водоча.
И се одеше по планот....сега за сега .Се гледаше оти ќе има и за мезе,и за добро дело
Шеикот Мики ,врти ли врти
Околу пладне ,ни се приклучи и Грчкиот пријател,кој малку се разочара дека сме го утнале местото,што ни го објаснуваше но рековме дека за вториот ден ќе го пробаме и неговото место Речено-сторено,продолживме со ред риба-ред пиво,ред кафе
Освен од риби,бевме нападнати и од змии Излегуваа од секаде и одеа буквално насекаде-во црпки,чуварки,преку нозе,и на сама јадица се мотаа
На шеикот го нападнаа и кострежи
И така ни помина денот во пеколна жештина од 35 степени-најмалку и сега беше ред -да се преместиме на другото место,препорачано од Гркот.Планот беше-собирање и местење во најбрз можен рок-за да не изумрат рибите(оти не чекаше уште еден ден жега)
Се собравме ги извадивме рибите,кои не беа малку набрзина во Витото и правец на новото место.Поздрав со Гркот,кој си отиде и останавме со Мики сами во една таква дивина со најмалку 20 кучиња околу нас ,кој не познаа дека сме Македонци и не можеа да се договорат кое прво да ни се спушти Местото беше стрмно, часот 10 ,и рибите во нок даун.Пред нас имаше 2 варијанти.Или да се спуштиме до местото и да ги ставиме рибите во топлата езерска вода,по цел час на суво(со ризик другиот ден пола да се мртви и расипани,можеби и сите)
Или да се враќаме назад за Струмица,многу порано од предвиденото.Логички го избравме второто-свесни дека мораме да ги земеме сите штуки дома,затоа што десетина кои ги оставивме за проба во бурето,не можеа да се повратат,после цел час на суво и топло.
Непланирано си дојдовме дома со голема количина риба,од која морално не пуштам слика,направена во двор ,и со едно искуство повеќе,дека кога планираме да донесеме живи риби по такви горештини,да не ги вадиме од водата до самиот крај на излетот.Преместувањето овој пат ни ги расипа плановите-но другиот пат сигурно нема.
П.С
Сашо-станувам СПИНИНГИСТ чекај ме во Скопје ,да ме носиш на шопинг
Poliz ај крв да ти се стори од Штуките и да те гледаме со Воблери и Блинкери у рука, а не само со параболици и крми(ШАЛА) све на све се гледа дека сте си прошле топ.
П.С. Како се вика езерово
_________________ Eee Бах, Бах.. еден ебах и тај умре..
РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
Со полиз разговаравме после оваа дешавка со штуките и ајде тука ќе отвориме моабет за размислување, има ли некој идеја, конекција, човек, како да се помине на граница со поголем резервоар во кој би се пренеле повеќе штуки, пример 50-100, за кои Полиз тврди дека може да ги улови и да се пуштат во некоја наша вода. Законот забранувал повеќе од неколку килограми риба да се внесе, но сепак можеби има начин, преку некое риболовно друштво, да се извади нешто на писмено дека тој и тој носи штуки за порибување и да помине со поголем резервоар, со пумпа секако за да не умрат и сл. Има ли некој искуство како оди тоа порибување и внесување на риба од странство ? Јас разговарав со човек кој работи на граница, но не таму доле, туку на север, ми вика дека на лице место ќе треба да се земе мостра од рибата да се провери што е, каква е, здрава ли е и сл. да се има документ каде ќе се пушти и би можело да помине. Е сега, нека каже некој друг ако знае нешто повеќе. 100 пастрмки да се пуштат во една вода, тоа е голем потег, брзо ќе се размножат и ќе имаме вистинско место за штука
... браво бе Полиз, супер сте поминале ама ме изнасмеа тој Мики манекенот шо ја напрај Штуката калој Страв да не имат од Штуки Ај честито и нека е честито
...пример 50-100, за кои Полиз тврди дека може да ги улови ....
Да не сум јас Супермен,хахаха,можам да организирам една добра група од 5-6 луѓе,што ќе ловат во име на тој идеал па ке собереме добра количина,само да има начин,да се донесат живи и без дркање по граници.
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 16 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум