Момци, викендов малку текст, многу слики, ама се пејсажи
Како што договоривме на
форумот, се најдовме сабајлево со “Администраторот“ и “Кременадла“ т.е. Борис и Филип
Времето кочан (Филип осети најубаво), мирно, без ветер, Пчиња се уште големка, матна, но на прв поглед ветуваше. Подоцна намина и Компир кој беше со некои маалски момци, све рибаришта се собравме на Пчиња
Да не должам многу, имаше 20-30 рибари на тој потег од Пчиња, сите ги избањаа трските (сабајлето ни мрзнеа врвовите), и НИКОЈ НЕ ФАТИ НИШТО
Ниту еден удар, ниту едно рипчи, ни бојник да скокне, ни белвичка да видиме, НИШТО. Тотално утнат ден. Се изнашетавме нагоре-надоле, на 10 различни места пробавме, на сите можни мамци, се залудно
Да не заборавам да споменам, администраторот имаше најголем...стап...за риболов
Не за џабе е администратор
Битно се запознавме и оставивме простор за идни дружби
Следуваат фотките
Бевме таму на разденување
Реката надојдена и матна
Администраторот и Кременадла
На некој му беше ладно, па мораше да се загрева
Сменивме и места, џабе
На крај и сонце огреа, ама сепак останавме со празни чуварки
Здравје, ако неделава не врне, водата ќе се стабилизира и со нови сили напред