www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Дек 24, 2024 6:43 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS8889909192ELLIPSIS95»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 2:14 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Еве го Маркс, првиот пријавен за следната година! :D :D :D :D

Напред само јас за тебе ќе навивам!

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 2:33 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Sportex НапишиCOLON
Еве го Маркс, првиот пријавен за следната година! :D :D :D :D

Напред само јас за тебе ќе навивам!
Благодарам Сергеј. Но, со ова што го имам тешко. Најмалку нислев на себе. Имам желба и тоа голема. Но ...
Пораката се однесуваше пред се за помладите кои очигледно се жедни за натпревар и вакви доживувања. Врз нив силно влијаат некои постари кои се дел од објективните проблеми од минатото.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 2:37 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
А што ти е? Ај пиши на ЛП немам пјма што се случува?

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 3:16 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Честитки и од мене за трудот и за детално пренесената атмосфера и случувања. За мене лично најбитно е да се вее македонското знаме и да се слуша името Македонија. А бидејќи Македонија учествувала на повеќе вакви шампионати, искрено се надевам дека во скоро време на некој ќе му текне да предложи и да се заложи, во некоја од следните години (кога можеби ќе се подобрат работите во мк риболовот, ова натпреварување да дојде и во Македонија.

Доживувањата сигурно се единствени, честитки за трудот, сепак мислам дека тука во голема мерка е натпревар во пари, не за прихрана и мамци, туку во однос на претходни вежби и посети на местото на одржување. Не е исто цел живот да ловиш на езерото и прв пат да ловиш. Не е исто 20 пати да ловиш на езерото и прв пат да ловиш. Не е исто 2 пати да ловиш на езерото и прв пат да ловиш. Верувам дека и во овој дел во иднина ќе се најде начин наши натпреварувачи бар малку да се доближат до другите.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 4:46 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
искрени честитки и од мене секоја чест за волјата и упорноста која ја имавте за да стигнете до овај натпревар - за мене лично сите сте победници на корбу
голем поздрав до целата репрезентација

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 05, 2012 8:45 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Ќе пренесам еден коментар тука од Раде Русевски, поставен на главната страна на ribar.com.mk:


Почитувани колеги рибари,

Неколку дена по враќањето дома и при себе, како и после сумирањето на впечатоците, решив да се обратам на публиката која преку овој сајт покажа инзвонредна заинтересираност.
Јас сум Раде Русевски, учесник на натпреварот, во дуото заедно со Михајло Бојаџиев. Најпрвин, во репрезентацијата влеговме по освоено второ место на званичното државно првенство кое беше отворено за сите регистрирани ЗСР.
Со внимание ги следев сите коментари, забелешки, критики, предлози, симулации, размислувања, предлог стратегии, и се друго што членовите на форумот го обработуваа. На сите учесници на оваа дебата, во таа смисли најдлабоко им се заблагодарувам. Тие инфомации и предлози, беа сериозно разгледувани на секој состанок на тимот со кој што раководеше капитенот Предраг. Најискрено, ваквите дебати, барем на мене делуваа мотивирачки.
Ќе ја искористам приликата, да го надополнам капитенот Предраг во информациите кои беа понудени: помагачи на тимот беа и Факултетот за земјоделски нануки и храна (катедра за сточарство, оддел живинарство) со 600 јајца; Аци (Сокол)-Велес со не 20 кг, туку со 70 кг хибридна пченка; јас и колегата Мики, ги потрошивме сите свои ресурси до 0, или во превод над 60 кг “месната боила” на база на екстра квалитетно рибино брашно и многу други додатоци – високо хранлива боила (грубо цената на таа боила би била околу 400 ден по кг), која во рок од 3 дена ја изролавме. Само оној што правел во домашни услови ваква количина боила ќе го разбере напорот. Слична количина боили изролаа и другите две дуа и уште пред поаѓање потрошија многу енергија. И, точно како вели капитенот, секое дуо имаше еднаква количина од сета храна и мамци посебно. Во резерва носевме и уште 50 кг прашкаста маса со висока хранлива вредност без посебни миксови, што резултираше, како што веќе споменав, со потполно исцрпување на сопствените ресурси.
Но, сите го направивме истото, и сите се вложивме себеси во овој натпревар 100%. Бевме сложни како еден, со искусен капитен, чија наредба, после долги дискусии беше извршна. Буквлно, да стигнеше сигнал од Пеџо да ловиме на суво, тоа ќе го направевме без поговор. Организираноста, желбата за успех испреплетена со мотивите, енергијата која секој од нас ја вложи, коначно, драги мои, ме чини посебно горд, и покрај објективно слабиот пласман на тимот. Настапивме како еден, и ве уверувам достојно ја претставивме државата, борејќи се до буквално последниот свиреж. Најискрено, од дното на душава, посакувам, вака сложно, како браќа, како еден, со воку желба и позитивна енергија, да настапуваат и во иднина слични наши тимови.

Околу самиот натпревар:

Едвај дочекав да испука ракетата и да влеземе во боксот. Веднаш по давањето сигнал, отпочнавме да ја спроведуваме договорената стратегија. Најпрво требаше внимателно да сондираме, и потоа да креираме 2 хранилишта, близку за изолација на ситнот крап, и подалеку за крупниот. И веќе на првото зафрлање на спод трската со Power Pro, 3,5 lb на кој имаше само топчесто олово од 100 гр., ладен туш. На хоризонтална линија одалечена околу 100м оловото пропаѓа во длабока тиња, слободна проценка од над 1 м (нешто што ни го потврдија и капитенот на србската репрезентација и неколку судии). При извлекување спод трската од 4lb се витка од ракохват. Исто се повторува на секој метар повлекување назад, се до 55-60 м гледано од обала, каде имаме најпрво плиток талог, па чисто дно. Трошиме околу 45-50мин, за сондирање, период во кој Румунците (лево од нас) веќе имаат крапови, но маломерни. Румунскиот тим, кој го спомнав, беше како роботизирана машина. Чиниш скарани се, не зборат ништо, само синхронизирани покрети, и физичка спремност за восхит. Се бавам со боди билдинг од својата 18-та год, и од 1985 г. водам теретана. Со свои 47 год., не сум каков што бев во смисла на кониција како на 25 или 30 год., но верувајтеми на збо со 4 редовни неделни тренинзи во траење од 1,5 до 2 часа, не сум ни за фрлање. Но она што го видов кај Румунскиот тим едноставно ме остави без зборови, иако, успеав да го издржам нивното темпо.
Румунците отпочнаа така што двајцата такмичари исфрлаа со фасцинантна прецизност крупни боили чинам дури 30-ки половина час на 100-110 м, а ловеја со 20-ки или дури 16, чудни црвени боили, кои потсеќаа на јагода. Десно од нас тимот на Литванија, екипа која била неколку пати на езерото, и која исто така крми воглавном на 100м со спод бомби во кои е боила, и интересно, на 50-60 м кобрира спот со релативно крупна боила. Веднаш во првиот час се виде целата конспиративност на Румунскиот тим и ако сакате на богатиот организатор, како и екипите кои ќе се фаворити (Бугарија 3-4 учества на купови, Србија 3-4 учества и темелно сондирање на секоја позиција во секој сектор!!!!!, се разбира Јужна Африка, Португалија и др. тимови со богати спонзори кои веќе знаеа се за езерото бидејќи повеќе пати биле). А што тоа требаше да се знае:

1. Постои богат газда организатор на СП кој сака само злато и ништо друго! Ова го тврдам зато што во неделата сабајле, кога успеавме да ги закочиме и Румунците и Литванците, тој дојде позади Румунскиот тим, седна на столче и незбореше ништо, а двајцата натпреварувачи, најпрво (буквално), му се поклонија и вклучија невидено турбо, бидејќи од нивниот пласман зависеше дали Румунија ќе освои злато.

2. Цели 4 месеци, организирани биле на неделна основа, натпревари од 30-тина Румунски тимови или купови, и очигледно рибата била навикнувана на истата црвена боила. Кој знае колку тони таква боила била употребена за да се привикне уфрлениот рибнички крап, кој патем е навикнат некој да го храни. На основа на што ова го тврдам, најпрво поради присуство во боксот на романците при званичното мерење, гледав гајбички само со црвена боила и ништо друго!!!!, и затоа што тоа го потврдии капитенот од Србија.

3. Непосредно пред СП езерото било порибено со ситен крап, кој е употребен за екипите кои не го познаваат езерото (како нашите), и кои ќе користат разновидна и поситна храна, да ги исфрли од игра и да ги позиционира како аутсајдери.
4. Информациите или дезинформациите, за текстурата и структурата на дното: на званичните интернет страници, нигде не се спомнува 1 м тиња

5. И коначно, водотопливи, и колку што можев да видам, диспергирачки црвени – цврсти со арома на јагода, и жолти со помека текстура на база на мед боили, со можен дополнителен флуоресцентен ефект, кои навистина не ми се јасни како во состав така и во изработка, боили чија функција е очигледна за ловење во тиња. Тие треба да остават како хемиски така, веројатно, и светлосен траг при пропаѓање на боилата во тиња, што ќе се сложите е високо селективна техника.
Се заедно, според мене, мислено е темелно, мислено е во детали, конспиративно, се со цел да се створат екстремно фаворизирачки услови за домашниот тим, што е разбирливо, но навистина незнам колку е спортски. Коначно која е финтата со пари и очигледно многу наука, да си купиш златна медаља. Ова е метод кој беше претходно инсталиран во Јужна Африка, и од етичка гледна точка е, најблаго речено е не фер, со карактер на параноична посесивност. Од таму и коментарот на Францускиот тренер, кој очигледно сето ова го гледа со исти очи како и јас.

Искрено се надевам, дека ова нема да биде пракса, зошто убеден сум дека ќе има репелентен ефект, особено врз малите и посиромашни земји како нашата, кои едноставно тоа неможат финансиски да го пратат. Ако ова продолжи, наместо поголема бројност, очекувам атрофија и се почеста апстиненција на државните тимови, со исклучок на првенства, каде вакви сценарија би биле тешко остварливи.
Иако, сето ова ми беше јасно уште во четврток попладне, верувајтеми на зборот, човечки е да ве фати паника, особено кога сте повториле се што сте се договориле и се што знаете, по 100 пати а без успех. Фрлавме и на првото и на второто хранилиште, со сите комбинации на мамци. Префрлавме на 15 мин. Прихранувавм на 45мин до 1 ч, а на секој 3 ч фрлавме “бомби”. До петок до пладне бележевме 0, тешка како олово. Со Мики разговаравме постојано, гласно размислувавме, се преслушувавме, дали правиме се што сме се договориле и што знаеме. Коначно, под силниот притисок кој го чувствуваме, предложив, промена во начинот на прихрана. Долгите подвези со попап боила на 100-110м не дадоа никаков ефект. Тоа е рибнички крап, кој бил во кафези, и таму бил хранет така што со лопатка му фрлале пелети. Одлучуваме, ќе крмиме обилно на 60 м на чисто и со плитка тиња, но ќе кобрираме високо за да симулираме дожд, т.е. ќе го превземаме со звук. Некако истовремено Абедин ни носи по 300г црвени и 300 г жолти боили, и ноќта во петок, проработуваме. Најпрвин 30-40 крапчина од 1,45кг 1,30 и сл, чисто за да си пукнеш, за да потоа на жолтата топива боила добиеме 2 амура од околу 2 кг. Следат неколку мерливи крапови и сабота сабајле сме околу 14кг. Од околните тимови сме на игнор. Публиката дури и со потсмев гледа на нашите топки исфрлени со катапултот на Нико, и особена на дождот од боили фрлени блиску. Трпиме и пририсок од судиите. Ни ги гледаат топките, правецот на конците, и само нешто протестираат. Сакаат да стоиме и да не правиме ништо, како румунскиот тим не би бил засметан во напредокот. Но не не знаат мене и Мики. Капитулација, не потпишуваме ни по цена на живот. Ја тераме нашата тактика, и сабота навешер, нема да ја заборавам долго време. Почнуваат да следат удар за удар, крап во просек од 3 килограми. Мериме 4, па 5, па 7 па 8 риби. Румунците ноќта сабота према недела, потполно стојат. Имаат за промена само една или две риби во сак, а литванците, коначно спијат, бидејќи немањето удари и уморот го чинат своето. Со несносна болка во подлактиците, рамењата, долниот дел од грбот, нешто што до сега не ми се има случено, менувам мајци цела ноќ, Мики ме прати и инкасираме околу 70-тина кг. Во желбата за успех, правиме и грешки, губиме повеќе од 10 риби кои се над 3 кг. Но не се предаваме. Во меѓувреме во 6 ч сабајле пристига и биг бос зад румунскиот тим , седи без зборови, но страшниот притисок врз момците го чуствуваме и ние. До 9 беме во кондиција. После 9 се будат Литванците, и исфрлаат голема количина боили со спод бомба на 100м. Тоа го чинат и Румунците и ние сме закочени, дополнително и со очигледната траекторија на рибата која од тој период се повлекуваше подалеку.
На крајот само 16 во сектор, пред Англиј, Шпанија, Босна и Казакстан. Малку, недоволно, слабо, во потполност се согласувам, но со срце и душа и со тон енергија!!!!. Камо да проработевме ден порано, или камо да имавме уште една ноќ. Но ова е уште едно големо школо, во хобите во кое сум од своите 5 год, и со кое ќе си одам.

Поздрав и Бистро на сите.

Раде Русевски

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 09, 2012 12:45 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Успеав да прочитам доста од препораките и полемиките за начинот, стратегијата и големината на боилата. Секако за респект се препораките на Сергеј и Ицо, не се сомневам во нивното долгогодишно искуство но мораме сите да прифатиме дека овде се случи нешто ново!!!! Да се лови на големи мамци 20, 22 па дури и 28-ци на натпревар и за мене е несватливо и секако детално разгледано и прифатливо (за оваа вода и ова езеро). Како надоврзување на нашето видување на натпреварот ќе закачам видување на натпреварот на еден од Хрватските натпреварувачи--
ništa nije tajna...bili smo na treningu i isprobavali razlicite nacine kako dobit ribu i sve nam je više manje polazilo za rukom jer ribe ima jako jako puno...i kad je došlo do grizeva obavezno je pokupilo sva 4 stapa i sve sto je ostalo na hranilistu...pa smo se odlucili da u cim manje vremena ubacimo cim vise hrane i izbor je pao na kugle(u kuglu od 7cm stane cca 20 boila i po nama se najbrze plasira na hraniliste) i uz to smo dodali i pva...gledali smo puno slika s njihovih natjecanja i vidjeli da love na velike solo mamce i da poneki stavljaju pastu...na treningu smo isprobali i njihovu boilu ali nismo se bas nalovili na nju...najbolje nam je primalo na snjegovica 14+12 i to u zutoj i bijeloj boji...znali smo da trening i tekma nisu isto al od tud smo izvukli neke smjernice koje se nazalost isu pokazale tocnima...otvorili smo sa ubacivanjem kugli,PVA i ''snjegovicima'' vecinom i desilo se nista...logistika je dobro odrađivala posao i vrlo brzo smo dobili informaciju da se lovi na 20mm solo boile+pasta te da se prihranjuje samo kobrom i to po cijelom boxu,a lovi se negdje iza toga...odmah smo prestali s ubacivanjem kugli i kobrali nase boile i tek tu i tamoje doslo do nekog griza...njihove boile su u potpunosti topive i za 25min ih vise nema u vodi...kad smo vidli da to stvarno funkcionira,decki su krenuli u nabavu boila i paste al smo morali cekati subotu ujutro u 7 sati,vrijeme dopune...i kad smo krenuli kombinirat nasu i njohovu boilu i neprestano kobranje poceo je dar mar...kugle su se ponašale kao da smo ubacili otrov u vodu...s kuglama smo izgubili dan i pol,a s time i medalju...imali smo najbolju namjeru,stvarno puno radili i borili se i svi se slozili oko pocetne taktike al eto nazalost ispalo je krivo...vjerujte mi da nitko nije nervozniji zbog toga od nas samih i nikome nije vise žao nego nama jer mislimo da smo imali stvarno dobru priliku...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 09, 2012 1:15 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Milsam deka i lovnite boili im bile isti kako tie za prihrana ? Pamentna rabota . . .

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 09, 2012 2:04 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
Честитки и од мене за трудот и за детално пренесената атмосфера и случувања. За мене лично најбитно е да се вее македонското знаме и да се слуша името Македонија. А бидејќи Македонија учествувала на повеќе вакви шампионати, искрено се надевам дека во скоро време на некој ќе му текне да предложи и да се заложи, во некоја од следните години (кога можеби ќе се подобрат работите во мк риболовот, ова натпреварување да дојде и во Македонија.

Доживувањата сигурно се единствени, честитки за трудот, сепак мислам дека тука во голема мерка е натпревар во пари, не за прихрана и мамци, туку во однос на претходни вежби и посети на местото на одржување. Не е исто цел живот да ловиш на езерото и прв пат да ловиш. Не е исто 20 пати да ловиш на езерото и прв пат да ловиш. Не е исто 2 пати да ловиш на езерото и прв пат да ловиш. Верувам дека и во овој дел во иднина ќе се најде начин наши натпреварувачи бар малку да се доближат до другите.
Најмногу од се влијае личното познавање на ревирот со сите карактеристики. Не е за фрлање и комуникацијата со тие што знаат. Така се зголемуваат шансите за ефикасен старт,што е од огромно значење. За жал оние што тоа го можат се во голема предност пред оние кои тешко стигнуваат и до самото С.П. (како ние на пр.)

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 09, 2012 9:11 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
:D Го читам Раде по втор пат. Волку труд не вложи магистерската кога ја пишуваше :D :D :D
Шала на страна, очигледно оваа СП ќе остави силен впечаток и влијание како врз учесниците така и врз останатите.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS8889909192ELLIPSIS95»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 15 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum