www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Дек 24, 2024 6:47 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS8788899091ELLIPSIS95»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 02, 2012 9:16 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
vasil НапишиCOLON
[ img ]


2 -poena za ukrainkava sto se krsi :D :D :D bblc davam za vakva :D :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 02, 2012 9:20 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
ico baits НапишиCOLON
2 -poena za ukrainkava sto se krsi :D :D :D bblc davam za vakva :D :D :D
Да ти набавам три такви :D

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 02, 2012 9:22 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
nosi gi odmor zimam :D :D simanata se podmackani fabricki :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 02, 2012 10:21 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Добредојде назад Васил. Се надевам ќе не удостоиш со некој коментар околу првенството

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 11:41 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Езеро Корбу 14-Светско Крапско првенство 2012 година
На овогодишното Светско првенство учество зеедоа 20 држави иако уплата за котзација имаше од 21 ( изостана или поточно откажа во последен момент Грција)
Нашата овогодишна репрезентација беше од трите дуа како што веќе знаете
1. Предраг и Аце
2. Раде и Мики
3. Нико и Васко
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
Се слушашае, се коментираше, се префрлуваше дека не се вистински крапџии, дека има подобри, посикусни, поопремени.... но лигата беше отворена за секого кој сакаше да зеде учество. Не се веруваше дека после завршувањето на лигата ќе се отиде во Румунија, дека нема да се плати котизација, дека Васко ќе зафркне....Сепак отидевме и учествувавме!
Несакам погрешно да ме разберете дека го бранам или оправдувам Васко или Федерација, но како што споменав прет неколку месеци секоја година е приказна за себе!
Оваа година бевме за ПРВ ПАТ сложни во СЕ и опремени МАКСИМАЛНО!!!
Потпомогнати од останатите крапџии околу опрема и прибор, поткрепени со спонзорства како за исхрана на репрезентацијата така и за прихрана и боили за крапот (Рибар 2011 и Хаџиски), обезбеден беше превоз со автобушчето на Г-дин Истатов кој ни го даде на располагање автобусот заедно со неговиот син Боро и уште еден шофер,
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
поткрепени со товарното возило на федерација Тојата Хајлукс, обезбедени беа тренерки (Г-дин Абедин), 6 мотороли, обезбедено хотелско сместување два дена пред и еден ден после натпреварот за натпреварувачите и апартман со кујна за остатокот од репрезентацијата и за ПРВ пат не осетив терет на мојот џеб!
После завршувањето на третото коло јас бев избран за капитен на репрезентацијата и моја задача беше да организирам се што треба за и околу натпреварот а сите натпреварувачи ќе бидат како еден. Така и бееше за ПРВ пат, сите располагаа комплетно со исти боили, иста прашкаста, спод микс, пелети, дипови, поп-уп, пасти, пченка, стик микс, ПВА, јадици, корпи за топки (мејди Нико), сите заедно напревивме СЕ!
Секоја екипа имаше по 70кг. Боили ( овошни, меснати и зачин) 14, 16 и 18-ки, поголемата количина на боили беа домашно производтство а ловните беа Одисеј ХХХ, дип,паста и стик микс од истите, набавени од Хаџиски а обезбедени од Рибар 2011, и една врста овошни боили од Менлајн. Во Букурешт не чекаше 100кг. прашкаста храна и 100кг. пелети исто така обезбедени од Рибар 2011,
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
100кг. пелети од Копенс обезбедени од Васко, 20кг. спод микс обезбедени од рибар 2011 и Хаџиски, 20кг.пченка обезбедени од Раде, пелети на ЦЦ мур, прашкаста, ЦСЛ, Нутрамино, Мултимино, Грин липид масел, шекерац......така да сите имавме се!
Имавме малку време за припрема на се за натпреварот а информации имавме добиено од повеќе страни за езерото од Филип (Рибар 2011), Васко БГ, од Србија, од официјалниот директор на РигСервисот Г-ѓа Даниела, од тренерот на Бугарската репрезентација.....и информациите се движеа дека има многу риби, најголема популација на крап е 3кг. има и ситен крап и амур од 5 тона кој е пуштен пред некој месец, дека во езерото има се на се 450 тона риба, дека има и морски риби, сом....
Сите информации ги зедовме во предвид но се разбира со резерва да не бидеме наведени погрешно.
Нашата стратегија беше следната, напревивме по две кофи спремени топки од се ( пелети од сите, 14 и 16-ки боили, пченка, спод микс, шеќерац, ЦСЛ, прашкаста и ќе се направи едно блиско хранилиште 30-40м. како би биле сигурни дали, колку и каква риба има и подалечно 90м нахрането само со боили ( секако откако ќе се измаркира својата позиција). По две трски во секое хранилиште со по една ситна 6-ка јадица и поситна боила 14 и втората 4 или 2-ка јадица и една боила од 18-ка. Секоја екипа да гледа што се случува во комшилук, како тие работата и хранат а логистиката во позадината да прати кај домаќинот и останатите сериозни репрезенатции. Секој во својот сектор ќе испите дали сака легната боила гола, со поп-уп, со подигач со различни должини на предвез се додека не добиеме сигурна комбинација. Секој сектор работеше различно а ветерот имаше големо влијание, србите го знаеа како дише езерото во колку саат почнува да дува кој ветер кога престанува кој кога почнува да вади роба и се друго. Раде и Мики во својот сектор имаа поголем муљ за разлика од другите , за комшии ги имаа домаќините од лево и почнаа без риба или слабо вадеа риба за да потоа почнат интезивно да хранат блиску со топките и пченка кога домаќинот реагираше дека хрант бучно, надвор од боксот се со цел да не им го нарушат континуитетот на вадење на риба но на крај заламфаат и одат нагоре ( БРАВО дечки бевте одлични секој чест). Васко и Нико имаа сектор во кој се вадеше многу риба имаа многу риби но надвор од мерка ( катастрофални 1450, 1490, 1410гр...) одеа со поголеми јадици и по две 18-ки боили за мамци. Одлично работеше Одисејот и овошната боила. Васко и Нико одработија стварно одлично за овој терен.
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
Одиме сега во нашиот сектор А за кој србите рекоа дека од А1-А9 има одлични позиции и се вадат риби како во Ц сектор а од А10 до А20 е како во сектор Б со слабо риба затоа што тука дува ветер во грб. Ние стартувавме како што се договоривме но со малку храна затоа што десно беа французите (живи машини) кој хранеа само со боили. Првиот ден немавме риба а пробавме се ( дури и зиг-риг), риба добивме сабајлето после 3 часот кога почна да доаѓа од средината на езерото. Што беше специфично за овој сектор крапот можеше да се фати на почетокот на околу 90м. подоцна на 120 за да последниот ден можеш да фатиш крап над 140м!!!
Србите (на токи вики се слушавме сите босанци, Јар, англичаните, србите) во неделата кога беше борбата за пласманот кај нив рекоа ( хрвати су изашли и хране на 120м а лове на 140м и имају серију од шарана по 3кг.) Ние имавме 3трски фрлачки и јаки па така да дење имавме риби затоа што можевме да храниме со ракета ситни 14-ки боили на 90м и ловевме на 110м. но главниот проблем доаѓаше ноќе после 19 часот забрана за ракета и топки само боили. Ограничени со 18-ки боили веќе суви неможевме никако да храниме далеку. Со кобра до 60-70м а тоа недаваше никаков успех. Правевме се ги обвивавме боилите со пастите и ги фрлавме подалеку но и тие завршија така да главниот проблем кај нас беше малата боила за прихранување. Стартуваваме подобро од другите но поради немоќта ноќе да ловиме кога се правеа серии заостанавме зад другите.
Е сега каде лежеше тајната на успехот на домаќинот и на одреден број екипи со висок пласман! Домаќинот направил специјална боила за оваа вода со фкус и мирис на јагода и друга со мирис на мед и требало одредена фирма да им ги произведе, но им откажале на нив и анагжирале друга фирма да им ги произведе. Првата фирма во знак на револт јо открива тајната и произведува боили кој потоа ги продава на саемот кој беше отворен пред натпреварот. Кога луѓето ни велеа овие боили работат на овааа вода не верувавме ( сигурно имаат количина која им стои) Во петокот Абедин купи по едно кило од двете биоили и ги донесоа во секој од нашите боксови да пробаме дали стварно има резултат. Тоа е страшно добра боила кога ја гледаш од надвор класична црвена боила но кога паѓа во вода почнува да паѓа гелот од надвор, прави облак околу неа а до неа паѓа како прашкаста храна. Кога ќе ја извадиш да префрлиш за кратко после 5 минути личи исто како вистинска јагода со партикли од надвор како боцки и мириса на јагода или мед. Ако ја оставиш надвор на влажно се смачкува како скапана- презреана јагода. Откако почнавме со овие боили ударите зачестија, во саботата поралчавме вакви боили но само малце по едно кило по бокс веќе биле распродадени за два дена 1,500кг. боили!!!!
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
Кога судиите мереа кај нас во саботата оној наш мал број на риби ни кажаа дека нивните ловат на боила број 28 и јадици единица како би се тргнале од ситниот крап кој го има во количина од 20 ТОНА и префрлаат на 15-20 минути!!!
Ситен крап имаше насекаде поготово поблиску ние со топките фрлени повремено делумо го тргавме но замислете на подвез од 15см, јадица Арма Фокс 2 (ченгел на кој сум ловел на Пелагичево) и биола 20-ка за една минута имам спуштен свингер и вадам крапче од 500-600грама на кое боилата му виси од надвор како топка! Другите кога ќе вадеа ситен крап буквално го глисаа по површината на водата за да побрзо го откачат и вратат мамец во вода. Се работеше 120 на саат цели 72 саата,
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
страшно напорен натпревар верувајте дека 30-40 % од натпреварувачите вечерта на свеченото затварање спиеа по столовите, натпревар во кој победници можат да бидат само физички спремни момци. Раде кој е во теретана секој ден и физички е поспремен од нас вечерта кога наздравуваме чашите ги држевме со по две раце. Натпревар кој ќе се памети како оној во Африка, одлично организиран со сите нишани, со прекрасно отварање, траење и затварање, со огномет кој некој метрополи не си го допуштаат за нова година.
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
Натпревар за сите нас (оние кој бевме таму и за сите оние кој го следевте и бевте сведоци за резулатите и борбите) предизвик повеќе за што се треба да биде опремено едно дуа, за како може да се успее и да се дојде до врвот. Знам дека нашиот успех е само тоа што успеавме заедно со сите оние помагатели и вистински љубители на крапскит риболов да бидеме дел од оваа модерно крапско натпреварување, за кое мојот драг пријател претседателот на риболовна федерација Франција рече дека (ова не е веќе крапски натпревар туку физичко билдање покрај вода без финеси и уметност да го пронајдеш и задржиш крапот)! Но тоа е тренд, зик-риг кој сеуште не го осетивме ние веќе имаме нови помодерни достигнувања.
И да не заборавиме секако дека некаде во средината меѓу останатите се вееше нашето Македонско знаме
[ img ]

Uploaded with ImageShack.us[ img ]

Uploaded with ImageShack.us
што би рекол ценетиот г-дин Душко Иванов бевме дел од овој историски натпревар!

[ img ]

Uploaded with ImageShack.us

и да храбрите и упорните ги прати секогаш среќа

[ img ]

Uploaded with ImageShack.us


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 12:07 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Честитки Предраг, по сликите што прокружија се гледаше дека стварно било тешко да се лови.Логистиката значи одиграла пресуден фактор на ова натпреварување!
Ајде, здравје боже вгодина повеќе!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 12:07 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Blagodarnost za toa sto ne pretsatvuvate na ova prvenstvo .

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 12:19 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Предраг, уште еднаш браво и честитки за учеството.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 12:23 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Без оглед на се, направите се за да изработите и издржите на тоа напорно темпо.
ИСКРЕНИ ЧЕСТИТКИ Предраг.
Следевме тука резултати со неколку колеги и искрено уживав во секоја промена.
Дадовте мотивација. ;)
Уште еднаш БРАВО!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 03, 2012 2:11 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Честитки за сите. Дефинитивно сум убеден дека дадовте се од себе.
Е сега е моментот да се запрашаме. Дали вреди да вложиш и сили и време и средства за да бидеш дел од ваква приказна. Мислам дека е крајно време да заврши периодот на оценки на валидности и предавништва, на критизерство и бојкоти. Оној кој сака да бојкотира и да не учествува нека си го задржи правото. Тоа е негово право.
Оној што сака да добие шанса да биде дел од репрезентација, да учествува на СП, нека си повели во званичните системи на натпреварување. Така мислам дека и "другата страна" ќе почне другачије да се однесува.
Одбивам да верувам дека се се должи на личното учество на претседателот на МРФ. Се надевам дека истиот ќе продолжи да учествува во сите настани во крапскиот натпреварувачки риболов. За некои ова што се случи во Романија не е доволен предизвик, но за некои е мотив.
Дечки, уште еднаш честитки. Не не посрамотивте. Напротив.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS8788899091ELLIPSIS95»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 17 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum