Епа драги пријатели риболовци по подолго време следење и читање на вашите новосоздадени теми со доста мака се обидов и јас да создадам една.Станува збор за риболов и дружење на прекрасното езеро Козјак кое подолго време го посетувам за рекреативен риболов и ладење на главата од секојдневните проблеми
. Така и овој пат, го посетив во петокот на 03 јуни, стигнавме рано сабајлето на брана (кај шо ги пуштаме чамците) а тамо немаше игла каде да падне.МИТИНГ !!!Сакавме само да се изрелаксираме. Разочарани се пробивавме меѓу рибарите и се сместивме на една карпа абе...... ко диви кози.Ништооо.... нема тука лезет парталите и назад ! Право дома и одма нов договор. Дефинитивно мора да се иде со чамец. 2-3 телефони и екипата беше спремна за дводневен риболов во саботата.05ч и тргаме.Стигнавме на брана а тамо иста песна.Чекаш пола саат за да си го пуштиш чамецот у вода, божем за млеко и леб се чека
Дојдоа и нашите 5минути и кинисавме.Тргнавме на улив, наводно тамо јадело.По пат се изнагледавме убавини иако времето за почеток некако ни се мрштеше.
Беше бајаги ладничко а дуваше и некое ветерче абе смрзнавме !!!
Кога конечно се договоривме каде ке се сместиме и го врзавме чамецот, ги фрливме дубинските малку поднакрмивме и седнавме да згрееме душа.Нормално за аирлија векје се беше наместено и требаше да се направи дезинфекција на грлото
Водата беше мутна и освен некоја плашка ништо друго несакаше да мрдне добри 3-4 саати!У меѓу време моравме да ја таманиме жутата зашто почна да се топли
Сменивме мамец, стаивме џигер и оп.... почна ! Ајде аирлија излезе првото кленче околу 300грама. По него и второ трето..... све ко у калап праени ! Ама ние несакавме да ловиме клен! Чекавме крап и караш....ама резултат немаше. Шо да праиме, се спакувавме и се преместивме друго чаре немаше. отидовме едно 2км погоре во едно заливче пуно гранки. Фрливме две раце шекерац и една- две топки крма и по 2 минути излезе првиот караш. Убав бабачко 400-500 грама и право у чуварка! И почна серија јадеше за мерак се докај 19ч. И тогаш ко отров да му фрли некој.Престана и нејкеше да чуе. Накрмивме добро и пошто више се стемни стаивме ампули, преместивме дубински, нафрлавме стара пченка и ни остана да чекаме.Луѓе верувајте цела ноќ НЕ ПИПНА НИШТО ! ! ! Дуваше силен ветер и цело ѓубре го донесе у заливот! Немаше фајде си легнавме! Сабајлето има што да видиш..... 5 кубика гранки околу чамецот
И следуваше чистење!
Таман очистивме средивме и почнавме пак да си вадиме караш без пречки,нежно засвире шпунглата на една дубинка.Почна врвот да се витка и таман помисливме дека е некој покрупен караш, самата контра го покажа спротивното.Животињата тргна накај гранките. Држ недај, влечи пуштај, за кратко време овој убавец се најде во нашето кепче
И таман помисливме дека малерот е скршен, со прекрасен улов на клен и караш и на крај овој убавец, на тапа на лежење со мамец ЦУК медовина, и 4ка јадица имав прекрасен удар.Удрив една душманска контра, и го задржав........но само 10тина секунди
.20-ка конец пукна ко петарда
и со се тапа одгњури у дубина. Више не ја видов тапата!За 5 минути ме укаса оса ми потече раката! На следното ставање караш у чуварка уште еден шок
Чуварката скината на дното. Поситниот караш нигде го нема! Нервоза, пцуење колку сакаш!Почна да врне, се спакувавме и си тргнавме. ова беше лично мојот улов за тие два дена.
По пат уште поголеми малери, од невремето што не фати додека си одевме неможевме да ги гледаме трупците по вода што пловат и двапати лупавме у нив и ни се кинеше кајла на моторот, па мењање зафрканции колку сакаш! Битно стигнавме живи и здрави очистивме рибата ја насоливме и за ден два требаше да се дегустира
http://img15.imageshack.us/img15/6204/img1420rx.jpg
http://img847.imageshack.us/img847/8750/img1423g.jpg
Така заврши мојот риболовно малерско среќен викенд
До следното видување на терен со рибарски поздрав БИСТРО ги поздравувам сите риболовци.
ПС: ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО КИРЕ што ми помогна околу изготвивањево на мојот излет ! ПОЗДРАВ