На територијата на Македонија активни повеќе пожари
Пожарот кај НП „Јасен“ е се уште активен, но со намален интензитет. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, пожарот над село Баниште, општина Дебар кој гори на самата граница со Република Албанија на висок планински масив е се уште активен.
Пожарот на место викано Клепало, во атарот на селото Крапа, општина Мекедонски Брод е се уште активен. Зафатена е сува трева на непристапен терен. Пожарот кој почна во атарот на селото Драмче маало Ваканица, општина Делчево исто така е се уште активен.
Активни се и пожарите меѓу селата Бузалково и Слп, место викано Стража, во општина Велес, кај селото Подлес општина Чашка, во атарот на селото Стража, на местото викано Црн Врв и општина Липково каде теренот е непристапен во правецот кон селото Белановце.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека активен е и пожарот во атарот на селото Манастир кај местото викано Еленик.