Како дестинација за риболов неколку дена однапред го одбравме Козјак и тоа за севте преку Јасен.На рампата бевме околу 5,30 а таму веќе колона мислиш грчка граница.Се собрале рибаришта и вртат разни муабети,за дозволи, легитимации,ваму јадело,таму јадело,волку кила,толку кила,мамци...времето летна за секунда.Надолу по патот вистинска бркотница,се брза мислат готово ги фатија местата,имаше дури и престигнувања по макадамот.
Се сместивме едно 2км над мостот за Здуње во едно заливче.
И веднаш прво па машко,Миланезе прво фрлање и веднаш караш
Kрмата беше спремна набрзина,како за рибите така и за рибарите
Еве ме и мене во акција
И Миланезе им го најде дупчето
,а во позадина мајстор Љубе нешто мерка
Поглед кон селото
Колегите рибари од спротива
Рибата сабајлето почна навистина добро,а најдобро удираше на пченца,овој пат црниот црв не и беше на менито.Потоа престана да јаде а покасно не фати и дожд но кабаниците беа спремни,а со дождот се јави повторно и рибата
дојде и 5,време да ги собереме парталите и назад поради режимот на движење низ Јасен,ова беше уловот
Излегуваше најмногу караш,понекоја попадика и кленчиња кој не беа крупни освен еден околу пола кило
На крајот освежување, СКОПСКО и се е можно.
И тоа е тоа до следниот риболов БИСТРО