Токму како што ти кажа и Филип,колку потенок конец подалеку ке можеш да зафрлиш,по тапата ке трчаат сигурно.Битно е да си сокриен и фрлај нагоре спротивно од течението,гаѓај ги природните бранички,позади големи камења мислам во мирниот дел,покрај треви,трски,под гранки,пробувај успех ке имаш сигурно.Пробај на гасеница за мене бр.1 мамец во овој период за лов на пец,ставај ја на 8 јадица,оние црнине гасеници што ги има на листовите во овој период со нив нема утка.Пред да фрлаш натопија малку гасеницата да се натопат оние влакненцата што ги има подобро ке удира во водата а и немора по неколку фрлања сами ке се намократ,и гледај кога ке фрлаш јадицата со мамецот секогаш да паѓа прва пред тапата.
Целосно се согласувам со Кире и Филип, од мене совет, бидејќи претпоставувам дека не си навлезен во фаќање со воблери и блинкери, фаќањето на Пец ти е одлична варијанта, најлесно е да ги извадиш оловцата, да ја дигнеш тапата50-60 сантима и гаѓај го кленот, само пробај да бидеш сокриен што повеќе, ако има ветер можеш да ставиш едно помало оловце одма под тапата за полесно да зафрлаш, ударот ќе го видиш секако со повлекување и сецкање на тапата која лежи на водата. Мамци освен овие што ти ги спомнаа можеш да користиш мува, оса, пијавица, коњштип, трудна мравка, нема да зажалиш. Ако ја усовршиш техникава, можеш наместо тапа да користиш и перце, тоа помалку ја плаши рибата, еве ти еден текст кој верувам поопширно ќе ти помогне
http://www.ribar.com.mk/index.php?optio ... &Itemid=84