Планот за овој риболов го направивме неколку дена наназад,кога ја отворивме неделната временска прогноза и видовме дека од петок настапува нагла промена на времето
Немаше време за тактизирање.Среда-четврток беа нашите викенд денови за риболов.
Понеделник и вторник беа денови за припрема и фаќање мамци за штука
И се помина по планот дури и времето го погодија метеоролозите
Среда сабајле бевме на реката.Исплашени од поплавите и надојдените води,пријатно бевме изненадени кога видовме дека не е толку страшна ситуацијата
Бевме јас,Јупи и Мики-стара штуко разбивачка бригада
Од мамци имавме речни црни мрени за од почеток,после веќе се снабдивме и со попадики
Се разделивме таму и сите бевме на по 500 метра еден од друг,така да немаше ни кој да те слика ни не дај боже да ти кепне нешто поубаво ако удреше.Сите бевме оставени кој како знае и умее.Затоа и сите слики што ќе ги прикачам тука,се од вечерно време кога четата се собираше кај Витото
Еве после утрото,тука се гледаме за прв пат со екипата
Мики се спрема за правење салата
Во позадина -спалната
Јас ја ставам првата тура домашни колбаси
Ајде ајде
Шо убава боја добиле....
И гравчето е готово....
Си поседевме докај 9,апнавме и си легнавме.
Во 5-30 веќе бевме на нога и правец-секој на своето место.Да имаше кој да слика за време на риболовот ќе излезеа страшни фотографии,но...тоа е тоа
снимки во самиот финиш.
Се собравме кај комбето околу 4 поручок,исчистивме, го собравме цело ѓубре,се испосликавме,и не најде 5 ипол
Еве по некоја слика за крај.
Имавме вкупно 22 штуки,до 3 килограми,од кои има одделено пак за во Водоча,десетина кленови од кои 3 навистина убави до кило и пол,и ситна попадика.
Да помине овој ладен бран,па здравје пак во поход