После убавиот почеток на новата риболовна сезона
сон не ни доаѓаше,додека не го повториме излетот од пред една недела.Местото-се знае
пак истото на река Струма.Екипа-јас и Сокчето.Веќе ќе му викаме и спанкото
Излетот ни започна така
По два часа веќе се одвиваше точно така
Важно си спие со црпка во рацете
и со право
По само некоја минутка ,морав да го будам
Точно за оваа убавица-деверика од 2.600 кг
Фото сесија со рибата
Досега немавме никакво искуство со девериките,и не знам таа од 2.600 дали спаѓа во редот на трофејни деверики,и не знам ни до колку може да нараснат .....сепак страшен кеф.
Излетот ни продолжи со пеколно многу ветер и периодични караши и деверики, неколку околу килото и др.поситни и многу ситни црвеноперки.
Кон пладне имавме страшен удар,20-30 метри конец се одмота за половина минута но пред самото засекување, рибата се откажа-многу чудно.
Малку покасно нов страшен удар -засекување и борба со доста сериозен противник,,сигнализатори.....амортизери.....горе,доле,лево,десно---и пукна конецот 0,35
Веќе работата беше сериозна.
Вечерта поседевме со едни момци од Благоев Град-Краси и Слави-пивнавме од домашната им 50+ степени
и полегнавме малку,не заради мене ,туку заради Сокчето-оти ич не се одмори кутриот преку ден
Вторник-станување рано,да не Ви кажувам оти Сокчето не успеав да го разбудам за да ги префрлиме трските сабајлечки.
Започнав сам ,ги сменив рипките на трите трски и токму дојде ред на четвртата-удар..страшен.
Ја закачив рибата и си започнав... СОКЧЕЕЕ...СОКЧЕЕЕ....СОКЧЕЕЕ но кој да ме чуе
Долетаа Благоевградчаните од далеку,ја пробудија " заспаната убавица",додека јас мака мачев со зверот.По неколку минути во црпката се наоѓаше овој седум килограмов лепотан.
Ем стои,ем спие,хехехе
Еве ги и Слави и Краси со едно сомче
Еве и слика за спомен
Сомот удри на црвеноперка на тапа.Конец 0,35..јадица 2.0
Излегуваа деверики од овој калибар..
А и досадни караши
Погодете кој повторно спие
Но рибите му доаѓаа сами,дури до спалната
Јас се печам на топлите сончеви зраци:D
Сокчето се разбуди
и во мигот извади едно 2.600 килограмово сомче
Последната слика на убавата деверика
Последната слика на сите риби коишто заслужија да ги штракне апаратот
нормално со шише Пелистерка од литро и половина