И конечно по 5 месеци најдовме време да одиме по риба.Каде да се оди,едногласно на влив на Треска.
Тргнавме во петокот поручек и околу 22h бевме на место.Бидејки одевме само по втор пат
инструкции каде да ловиме добивавме по телефон од други рибари кои често одат таму а тргнаа покасно од нас.Поставивме шатор се сместивме и почнавме да фрламе.Местото беше длабоко околу 5м,водата се качила доста изминатата недела така барем ни кажаа рибарите следниот ден.Другата екипа се смести погоре под вливот на Беличка во Треска не викаа да се преместима нагоре бидејки водата е надојдена но веќе беше касно за таа работа.
Утрото беше прекрасно
миланезе во акција
Еве го и мајстор Трајче
А еве ме и мене
Сабајлето попадиката добро работеше,покасно се насобра многу плашка која удираше не се што ке фрлевме,па попадиката се потешко доаѓаше до мамецот.Дојде време за одмор и масичката беше брзо спремна
а мавнавме и понекоја жолта
Горе ваделе попадика ама нас и тука ни беше добро,и тогаш околу 14,30 мислиш се спои небо и земја,грмење,дожд,град,ветар ги собравме набрзина работите во шаторот и правец во колата
патот по кој дојдовме
Во шаторот се беше мокро,немаше друго правец за Скопје.Невремето ни ги расипа плановите бидејки сакавме да останеме и другиот ден но со природата нема играње.
Риба фативме иако морам да признам очекувавме повеќе
Здравје боже повеќе следниот пат.Најважно е дека батериите ги наполнивме до даска