Така е другарче АПСОЛУТНО се сложувам со тебе !Точно е и тоа дека таа риба е за занемарување - да порибиш со карас !!! стварно е срамота ама во оваа беспарица и тоа е добредојдено. Мислам дека знаеш и ти дека мојата оставка од управата беше условена од моја страна и беше вака(ДА СЕ ПРЕСТАНИ СО ТАКМИЧЕЊЕ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ И СИТЕ ПАРИ ОД ДОЗВОЛИ ДА ОДАТ ЗА ПОРИБУВАЊЕ, а за останатите трошоци јас ке им обезбедам средства.) Ова им го доставив во пишана форма со мој потпис и сигурно некаде во архива го имаат. На тој состанок беа присутни цел управен одбор и не се согласија со мене под изговор дека НЕ МОЖЕЛО ДА НЕ СЕ ТАКМИЧИ! Пресметките се повеќе од јасни 600 дозволи по 700 денари од дозвола(чисти пари) = 420.000 Ако се купат од Бугарија (вклучен превоз, царина, карантин, вакцинација) килограм крап во големина од 50-70 грама цената беше 12 евра донесени до Битола. Или тоа би значело порибување со 575 килограми крап или околу 11.000 крапчиња од 50 грама.Цената беше иста и ако се работи за 25 грамски парчиња што би довело до бројка од 22.000 парчиња. Пазарна математика: со ова количество на риба значи секој рибар (600 вкупно во Битола) ќе можи да улови по 20 крапови
годишно. Е таа е Пазарната математика