Дупките кај Бадар се издвоени во риболовната основа како засебна риболовна зона (погодете од кого), и за нив Вардар има посебна годишна дозвола (сега јасно ви е). Дозволата за Пчиња не важи на дупките. Значи ако дента ловиш на Пчиња кај Бадар, па сакаш на езерцата, а немаш годишна од ЗСР Вардар за нивните ревири, во тој случај ти требаат 2 дневни дозволи
А Вардар се умни, не наплаќаат на лице место, единствен “пункт“ им е седиштето во Скопје, и сега ќе прашате, зошто го прават тоа, кога сите други концесионери издаваат на лице место, иако официјално не е дозволено. Не дека Вардар многу сака да ги почитува законите, туку дека повеќе пари прибира така.
Значи, за да одите на риба денес на Бадар или на Пчиња, а немате годишна од Вардар, треба да извадите дневна. За да извадите дневна, Вардар ве условува да платите однапред на жиро сметка, во спротивно ако ве начекаат на река без дозвола, ви ја земаат опрема (тоа не важи за браќата на состав Вардар- Треска).
Е сега, вие ќе си платите дозвола на жиро сметка, ќе си ја носите уплатницата, и ако ловите во Скопје во центар или на Пчиња кај Бадар и Катланово, ќе ви поминат чуварите и ќе ви издадат дневна дозвола врз основа на уплатницата. Ако ловите во некое позафрлено место, на пример на Пчиња над Горно Коњаре, таму нема чувар стапнато од земање на концесијата до денес.
И што се случува...Вие сте си платиле дозвола на жиро сметка, чуварот не поминал и не ви издал дозвола од кочанот со печати од МЗШВ, и на крај на годината, за сите тие платени дозволи на жиро сметка, Вардар нема да плати 10% надомест за концесија, бидејќи чуварите не поминале и не ви издале дозвола од “официјалниот кочан со дозволи“.
Се надевам убаво објаснив.