спирката има прво да се пофали со изгореници на рацете и нозете
ГОЛЕМ ПОЗДРАВ до Емил и Танче и колегата на Емил со кој риболовеше тој ден
- со Емил ке имаме уште доста добри дружби на тој ревир 5ка човек и добар домакин се покажа а и доста риболовци факаа на неговата крма и тие треба да го пофалат малце како што го фалеа и таму- поздрав и до нив
репортажа можам да ставам ама како војничко писмо - без слики, пошто апарат не носев а и тел не ми слика како треба
инаку еве ја целата приказна ке ја ставам овде како информација за да на некој и понатаму му се најде како корисна
- стигнување на потегот добовјани негде кај 4-30 уз пат собравме и малце трева колку за да пробаме на неа ако досадва плашицата
инаку доста фрлав на трева и на свежата и на постара која ја имав ама не даде резултат
-вчерашната состојба на дримот
многу мала вода. По мала прошетка по реката одлуката на екипата падна да останиме на уливот на вевчанското рекиче во дримот
само тука имаше добра длабина а и доволно брза вода
процедурата стандардна, прихрана - сув леб, бос фиш со презла(наменета за скобал) и една црвена од тубертини
според состојбата на водата испадна добар риболов и како кажа и емил имавме удари од поголеми примероци од кај 400, 500, 600, 700 грама а и неколку поголеми кои си заминуваа од кога ке се видевме
- битно знаеме дека пак се таму за наредниот пат
инаку скобалот не работеше добро со оглед дека имавме премногу откачувања и доста изгубени риби од пред нозе а 99% од ударите ни беа добри скобали само 4-5 помали од 400 грама
од друга риба - два кленови и две три ситни мренки вратени назад
се на се добро поминавме не се жалиме имало и полоши денови а според тоа дека бајаги време не сум фатил трска во рака - ова ми дојде како лексилиум
и негде кај 2-30 спаковавме стварите и правец за битола
пс- за наредното одење ете ветувам дека ке биде комплетно составено во репортажа со слики и видеа
поздав до сите