По едно кафе во Скопје со Аце Максим
падна договор да направиме едновечерна проверка на сомовите на Струма
Толку ни дозволуваше и времето а и беше доволно,да се видиме и релаксираме,како најава за следниот подолготраен излет
Аце дојде до кај мене во Струмица,таму ни се приклучи и Мики и во касните попладневни часови бевме на реката.За мамец имавме само пијавици и чаирски,овојпат неподготвени со мали риби за мамец
Како и да е-беше доволно и ги поставивме трските со надеж,да се закачи некој брко
Нема послатко кафе од ова
А и мезе од ова
не е важно мезето,важно е дека е покрај вода
Па и домашна ако има.....
Сомовите нешто ги немаше,јадеа само досадни мали лигавци
Можеби да имавме некоја риба за мамец,ке излажевме некој...но немаше кога да фатиме
Наредното утро имаше во изобилие,но сонцето јако не фати и се мислевме веќе да привршиме
Оти бевме неспиени,си ја преседевме цела ноќ до трските
Сабајлето фативме по некоја мрена и клен
И шлаг на тортата беше еден вистински капитален буцов од 3,500 кг,кој се закачи на двете пијавици кои беа наменети за сомот
Најубав буцов што досега сме го фатиле по Грчките реки
Здрави-живи за една недела ,пак одиме на терен