Добри вести:
- При риболовот изненадно уловивме јагула околу 300 грамска, која заради моја несмасност и заради нејзината лизгавост, ми падна од рака и неуспеавме да ја сликаме, удри на пченка
што е одличен знак дека јагула сепак има и дека ако се брка може и да се фати. Според вадењето и зборовите на Кременадла на чија трска удри, јагулата беше одличен борец и направи голем мерак на трска
- Имаше добра активност од Попадиката, што од нас, што од една екипа која риболовеше блиску нас, се уловија некои 15-тина парчиња попадика и тоа све убави и големи попадики какви ретки се гледа, од прилика 300 грамски.
- Покрај помалите крапчиња околу 15-тина, фативме уште еден крап-староседелец, 7-8 кила кој даде одлична борба, значи тој од минатата недела на Кико сепак не бил исклучок, има и убави крапови во езерото. Слики подоцна, во моментов не ми се во мене. Плус фативме и едно крапче од пола кило (најверојатно измрестено од претходни години), што значи дека досега се потврдени најмалку 4 генерации крапови во езерото, што е одлично
- Има многу мали измрестени рипчиња во секакви форми и големини, што значи добар дел од рибите успешно си ја завршиле својата работа со мрестењето и езерото има добра популација на риби