GLEDAM NEMA TEMA ZA REKA LEPENC!
reka lepenec e leva pritoka na reka vardar i se vliva vo nego vo skopskoto podracje a doagja od kosovska granica vo mk.nekogashna reka za gordost a sega reka vo propast...
NAJVEROJATNO DO SEGA I ZATOA NEMA OTVORENO TEMA ZA REKA LEPENEC
vcera bev posle nogu godini na lepenec.
bev nekade kaj bardovci neznam tochno kade, prv pat idev tamu, me noseva.
rekata mala i so nogu gjubre
od sabajle beshe cakrlija, posle se zamati cela...
od riba dade klen i krkushka.
od 5 lugje fativme dve ribi samo haaaaaaaaaa
a mamci imavme leb,crni,beli,zabchinja,chauri i pijavica
neznam dali nekoj pominuva ubavo na lepenec?
Од истата причина немам отворено тема. Малку тажно е за тоа место.
Премногу се фрла се и сешто. Доколку оди некој, поубаво да оди накај границата со Косово. Има поубави места за риболов, нема фабрики, сепарации, и други работи.
Не би препорачал одење кај Новоселски пат бидејки тоа место е индустриска зона и којзнае што се испушта. Да не се оди премногу нагоре бидејки има гранична полиција. Пред две-три години имаше статија во весник како еден македонски рибар е уапсен од страната на косовската гранична полиција, се занел човекот одејки нагоре
Од постари луѓе имам гледано слики со капитални улови од таму. Сега можат да се сретнат многу од оние што ловат со мрежички од пазар. Или пак ке се соберат 10 луѓе, едни држат завеса и ја преградуваат реката, а други се пуштаат 30-40 метри погоре и со стапови удираат по водата и ја тераат рибата накај завесата. На крај креваат и се прави тешка штета.
Сепак не е дека нема риба. Одам 4-5 години таму. Многу пати сум поминал убаво на Лепенец. Зборам за мушичарење и клен. Дава поситни примероци и поретко некој покрупен. Ако си и цел ден може да се дотера и до 30-40 парчиња, и нормално ако се знае да се лови, избор на мушица, презентација на мамец и слично. Пред две години од што убаво работеше кленот цел ден, саботата и неделата ги поминав на река, а понеделник, кај матичен лекар, па на кожно за изгореници
Досега најубаво имам поминато на бибио, мравка, мува, а за август сеџ е закон за таму со светло сиви крилца и зелено тело.
Ланската година имаше четири деца кои носеа вреќа од шекер зборам за оние од 30-50 килограми, и беше една третина полна со риба. Реката беше премногу мала од наводнување и ги факаа со рака. Меѓу рибите имаше и мрена од 2-3 килограми.
Самата река да ти се погоди водата е жива среќа. Ланската година 4-5 пати само дојдов до реката, ја видов, божем Нил е, целата кал од што истураат земја во неа, една цигара и накај дома или Треска.
Прекрасно место е за риболов и се надевам дека во иднина ке се врати на старите на славни денови.