И се започна пред некаде околу еден месец кога првиот свиреж на судијата го означи почетокот на европското првенство во фудбал.И работата си ја свативме сериозно, почнаа припремите кои беа и висински и длабински и површински, а тренинзите ги правевме исклучиво на водена површина.Но да не должам многу ете како и јас со мојата екипа стигнавме до финале:
На прво и приоритет ни беше нашиот капитен викан СОМЧО, кој се беше оптегнал на 0.40 на посна рибина храна и цело внимание му го посветивме него, па решивме со него во финале, па што биде нека биде.После поставувањето на тактиката решивме да играме со Сомчо во напад па ете го на дело:
замислете од толкави напори на нашиот Сомчо му обеле кожата (мислам дека од фацата на Балотели)
Ех си помисливме сега е време нашиот капитен да дојде до израз со неговите далеку познати квалитети па мораше да рипни во тавче, само за да се жртвува за нас и да ја спаси екипата,
И така врти сучи стигнавме до финале, а таму пеколна жештина, па тренерот со совет да се конзумира што повеќе течност и овошје, па така и бидна,
Утакмицата започна, судијата одличен, стадионот преполн, и пасови и проигрувања летаат на сите страни,
И се така одлично до последниот свиреж на судијата, после кое следеше подигање на трофејот и закажување на ново финале, а до кое треба да се чека и секако ОБАВЕЗНО ДА СЕ ТРЕНИРА НА ИСТИОТ НАЧИН.
Честито победата!