Неколку факти за СТРЕЖЕВО:
Се наоѓа на следната локација (мислам дека линкот поубаво ќе го опише отколку моите раскази
http://www.maplandia.com/macedonia/bito ... /strezevo/
Значи на езерото се стига преку 3 (три) пристапни патишта и тоа:
1- Битола-Ресен, се исклучувате на клучката Ротино и после тоа одите во правец на селата Рамна и после Лера.
2-Битола-Д.Хисар се исклучувате лево по патот за село Црнеец (има знак на сам пат-БРАНА СТРЕЖЕВО)
3-Битола-Д.Хисар се исклучувате лево на сам пат (тргнувате по патот за Смилево) пред село Лопатица и во влезот на село Обедник ке запрашате кое патче оди за Езерото! патот не е препорачлив за понова и луксузна кола.
Браната на самото езеро е започната со градење во 1982 а завршена 1984
Во текот на овие години истото е перибено со повеќе видови на риби а автохтона врста (староседелец) беше кленот, Мренката (на Битолски Кркушка) како и поточната пастрмка која порано во река Шемница (која го полни езерото) ја имаше во изобилство.
Од вештачкото порибување во текот на овие години имало порибување со:
-Крап - уловени примероци од 22 кгр, 17,18 се редовни (неофицијално пред неколку години со мрежа бил изваден Крап од 27 кгр.Најдобар за ловење е периодот од 1ви Мај до средината на Јуни и доцна есен.Се лови:-на пролет на црн црв (градинарски) и боила а на есен стара домашна варена пченка и боила.Чести се ударите на капитални примероци на Крап, кај рибарите кои ловат бела риба на варена пченица.
-Тостолобик - кој прво време беше пуштен за да ја чисти некаква си алга, а сега преставува еден од најголемите загадувачи на езерото.Пред 2 години 2009 беше уловен примерок од 27,5 кгр на ВОБЛЕР !!!
-Сом којшто се покажа како многу добро приспособлив за мрест на оваа вода и зема голем замав за ловење меѓу рибарите кои го посетуваат ова езеро.Во моментот на пишување на репортажата сеуште Сомот не беше активен, а се очекува со првото затоплување на водата-над 15 степени да се активира и тој. Како мамци може да го употребите цел асортиман за лов на Сом, најповеќе жива риба, со исклучок на пијавица бидејки очигледно не ја сака.(Ланска 2010 година бев упорен и нон стоп имав барем една трска фрлено на пијавица но останав без успех)Иначе примероците што се изловуваат се со тежина од 5 кгр па нагоре , јас мислам дека најголемиот уловен беше околу 27 кгр. (ако грешам нека ме исправат колегите)
-Клен! И што да ви пишувам кога за него се се знае, се лови на се и сешто со мала напомена дека на Стрежево напролет најдобро е да се лови на ларва од планински комарец
http://www.youtube.com/watch?v=Vt74Sprt ... re=related незнам како стручно се пишува но меѓу рибарите е познат како мамец -Специјалец-
-Плашица, активна скоро цела година а најповеќе се лови почетокот на Јуни до.....првиот снег.Мамец за плашката како најдобар се покажа белиот црв, а добро оди и на лепче.
-Црвеноперката е риба која исто како и Сомот последните години завзема доста добар дел од популацијата меѓу рибниот фонд во езерото.Атрактивна за ловење бидејки не ретко се јавуваат примероци од 0.300 грама па нагоре.
-Костреж, нам доста добро познат и како мамец може да се користи се што е од животинско потекло.
-Јагула !!!!! Најинтересно е тоа што со јагула не е порибено веќе добри 4-5 години а симптоматично е тоа што скоро секоја година случајно на трска доаѓаат мали примероци од по 200, 300
грама па нагоре.Во однос на количина на Јагула во самото езеро неа ја нема во голем број но ете се ловат примероци од по 2,3 кгр.
-Карас/ш го има во изобилство за тој што знае да го лови.Сите веднаш ке помислат;штоима за Карас/ш ! Верувајте кога ловите на Стрежево и за него треба знаење.Со оваа риба езерото се порибува секоја година (минимални количества што се пуштаат се од 5 тона па нагоре во примероци не поголеми од 30 грама.) и достигнува тежина- на уловени примероци до 1,5 кгр. Како храна за Сомот е одличен и затоа секој уловен примерок не е помал од 250 грама.
-Околу самото езеро мора да се напомени и дека ВОДОСТОЈОТ варира значително брзо. опаќа и се крева во зависност од тоа колку вода се пушта низ електраната.Тоа придонесува за големо мигрирање на рибата од поплитки кон подлабоки води и обратно.Често се случува рибарите кога денес ловат на еден дел на езерото во еден ден да поминат одлично со уловена риба , а веќе наредниот ден на тој дел да не се појави ама баш ништо.Водостојот и неговото варирање се едни од најголемите непријатели кога станува збор за мрест на рибата, бидејки езерото до почетокот на Јуни месец се полни интензивно а после тоа како што се полни така и опаѓа.Изразено со бројки тоа значи во висина
крева и паѓа до 20 ccm дневно, и тоа придонесува за добар дел од икрата да заврши на суво или длабока вода каде лесно станува извор на храна за плашката, карасот.... Карасот и Крапот имаат екстремно тешки услови за мрестење бидејки температурата на водата е доста ниска.
-Препорачливо место за ловење е самото устие на река Шемница каде што и се задржуваат најголем дел од рибарите и каде што дава најповеќе резултати.Ноќниот риболов беше забранет пред 3 години но сега е дозволен поради зголеменото присуство на езерото од рибари и намален број на рибокрадци.За време на ловостој, забрана ДОЗВОЛЕНО е пибарење само со една трска со конец не подебел од 0.18 за бела риба.Сите уловени примероци освен бела риба (црвеноперка, плашица, карас ) се враќаат назад.
ПА ПОВЕЛЕТЕ !
ЗА БИЛО КАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ (колку знаам ) ВИ СТОЈАМ НА РАСПОЛАГАЊЕ