Еве и јас да пишам збор два за прекрасниот викенд на Велешко езеро.....најнапред големо БЛАГОДАРАМ за гостопримството на Ицо и дружбата со Даре,иако планирав да направам фамилијарен викенд со комплетната фамилија
жена ми и дури сите деца...сепак испадна добар риболов и ептен добро дружење,запознав добри луѓе (за кои се надевам дека ќе ми станат и одлични пријатели) и одлични риболовци професионалци во својот занает...
Досега не сум сретнал човек како Ицо кој е толку заинтересиран,пасиониран и изграден со големо искуство и знаење околу риболовот...не престанува по цел ден да експериментира,пробува,врзува,менува....и секако тоа на крајот му носи добри резултати....друго што е интересно...постојано има што да се слушне,што да се научи и искрено воопшто не се стеснува да го пренесе своето искуство и знаење...
Здравје,другото идење ќе биде конкретно...РИБОЛОВ...подобро ќе се организираме и се надевам на истата екипа (а може и да се зголеми тимот секако) Ицо,Даре,јас и другиот зајак велешки со кошулата со цветови (хахахаха)....
Па сигурно ќе има Амури,Крапови и по некој сом за Даре...
уште еднаш благодарам Ицо и Даре....
zajko oti ne kazes kako0v kostrez sme mezele,, dare si otide ke zali