Пуштам една ланска тема од кострежи во Грција
Одамна го чекав денот за риби
.Кога ме заредија свадби,глава не можев да дигнам.Денес ,и покрај тоа што немав друштво, тргнав сам за Грција.Цел ми беа кострежите, коишто минатата година на истата дата ги фаќав
таму.Додека патував ме размина на Валандовско Брдо една позната кола,уште во мракот.Близок пријател со своето такси носеше патници за Солун.Се чувме и се договоривме,откако ќе ги остави патниците да дојде на рекичката да ми прави друштво.Шумахер
пристигна на рекичката во исто време со мене.Му наместив една трска и започнавме со риболов.Ете ни го местото
И кога ме фати еден смев
другарчето започна да млати желки:mrgreen:
Абе чорба од желки
Многу беше на кеф човекот
Нали бевме дојдени за костреж
Започна една луда серија
Но нели на реката бев со не рибар
се започна со едно-ај да си одиме,топло е,доста беше,ми се спие ,кафе да пиеме во Дојран................
и така,да не го расипувам убавиот ден,се собравме уште на пладне,при едно доста стабилно јадење на рибата
Ајде друг пат пак