www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 06, 2024 1:33 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 7:28 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Можеби еден од излетите каде што сефте оваа година бевме непречено ослободени да се искористи за посветување на вистински риболов. Секогаш секој викенд се нешто излегуваше, па не можевме да се сконцентрираме на рибата во вода :)
Спаива покрај сите напори за да дојде со нас не успеа поради 2-3 причини ама подоцна и тој потклекна под искушението на амурите и ноќниот крапски риболов и се придружи наредниот ден. :D
Следниот ден со неколку телефонски повици од Јане и Тафтабит и предупредувачки високи температури решивме да одиме петок навечер кај амурите кои не знаеле што е зиг-риг :D
Петок 17 часот, спакувани во црната мамба на Јане кај мене пред зграда како за Лефкада да одиме, Јане и Тафтабит се паркираа насмеани и излегоа да ме накрцнаат и мене у тоа што остана од место :D
Јане излезе од кола цел облечен во Пролоџик, мислиш пола фабрика кај него у кола ја има, многу добар аутфит морам да признаам :D

Додека патувавме прогнозата беше малку сомнителна затоа што се најавуваа дождови и електрични празнења ама кога си се спакувал и си тргнал за по риба после 2 саати префрлувања во коли одиш без компромис.

И што да ви кажувам .. стигаме и еве што не пречека на површина :D зиг-риг :D

[ img ]

Tука следеше и она за кое што дојдовме, крапска едукација и најдобра дружба со Јане.
Само што излеговме од возилото да ги фотографираме од далеку другарите кои правеа журка на површина Јане ни даде задолженија и ни објаснуваше на мене и на Тафатабит каков пристап и како се проценува дива вода, презентација на мамец и ред други работи кои досега признавам јас не сум ги знаел како нов во крапски води.

Прва инструкција што требаше да ја направиме беше да ја поставиме цела опрема за ловење и да ја избањаме одма, па се фативме секој за својот арсенал, род подови, бус барови, мамци итн.

Она што беше најинтересно за мене беше едукативниот час на Јане за пласирањето, местото и презентацијата на мамецот која треба да се направи секој пат кога се лови на диви води, предвезите и избалансиран поп-пап. Ова е само она што можам да одвојам од триста tips&tricks кои ни ги кажа, дури со Тафтабит не можевме да ги запамтамтиме некои од англиските терминилогии :D

Откако ги наместивме параболиците и извадивме скоро СЕ од двокатниот автобус со опрема што го имавме :D вака изгледавме

[ img ]

[ img ]

Овде го отвораме Шелтерот и полека се припремаме за ноќта со кафе, ракија и мезе :)

[ img ]

Морам да ви признаам една работа дека цела ноќ и цел ден можеби по човек јас Јане и Тафтабит испивме преку 6 кафиња, толку многу кофеин имав у мене, око не склопив 24 часа :D

Чоканчиња и пва мрежички :)

[ img ]

И конечно вака ни изгледаше шелтерот заедно со сите салтанати во него :)
Јане се припрема за часот пред да ѕвони за голем одмор :D

[ img ]

[ img ]

Цела ноќ немаше ниту еден удар, направивме измени, дипови, боили, пробавме и на спаива зиг-риг :D меѓутоа времето мислам дека имаше најголемо влијание врз нас и врз рибата.

Цело време имаше громотевици, ветер, дожд во мали количини, електрични празнења насекаде околу нас, како пеколот да се спушти врз нас, притисокот падна, температурата на водата беше превисока и ред други работи.
Најважно е што шелтерот заврши ОГРОМНА работа во ноќното бивакување каде што беше прилично мирно во вода, се пиеше кафе, паланечка ракија се пиеше, и дискутиравме цела ноќ за крапскиот риболов, несебична размена на искуство од страната на Јане и многу нови работи!

Некаде околу 3 часот наутро веќе почнуваше да се отвора денот полека кој и тоа како ми фалеше да ми донесе температура повисока затоа што нагло се спуштија температурите и не пречека ова утро :

[ img ]

Ќепот за ќепање на Јане доволно голема да влезе дупла 57 -ца на јсп

[ img ]

Тафтабит и Јане си го ладат со 7-то кафе :D

[ img ]

Mалку убавина за очи и млеко за тело :D

[ img ]

Утро како утро, така и викаат по утрото се познавало денот. Ако се познава по него тогаш не сакам да верувам во таа максима :D После 10 - те повика ноќта на Спаива, срце јуначко не издржа а да не дојде и да зафрли :D

Ииииии стига Спаива зиг-риг-бејтс заедно со ВладоМКД спин :D

[ img ]

E тука се отвори веќе денот, стигнаа и се размонтираа десно подоле од нас, кој на тапа кој го монтира својот нов род под заедно со параболиците и којзнае веќе кој вид на арома и овошје :)
Прво дискутиравме како и зошто не удри со Спаива зиг-риг :D (зиг риг пошто му е омилен систем и мора да се проба) :D

Со Јане и Тафтабит појдовме до неговиот бокс на уште еден час по едукација од Јане за маркирање и ракетирање, кој зафрлаше со Free Spirit трски за спод и за маркер, кој пробува да зафрли што подалеку, но верувајте една од најдобрите трски со кои имам фрлано досега беа тие :)
Начин на маркирање, процена на дното, мерење на длабочина итн, беа само дел од муабетите.

титититититититит тииииииииииииииии титититит тииииииииии тит титит ти ти

Јане: „чек чек тишина“
Јас: „има риба трчај“

:D

Само Јане без трска во раце а јас и Тафтабит со спод и маркер кај Спаива или на 70 метри од трските и наеднаш се траснформиравме сите :D Оставање трските на земја и сите ШПРИНТ до шелтерот за да видиме кај кого пишти :D

Јане не сум го видел толку брзо да трча, не можев да го стигнам, се трансформираше во УСАИН БОЛТ (најбрз човек во свет) ама си знае oн си ги познава сигнализаторите негови како свират :D , брз како струја, a Tафтабит позади мене ме брка :D

и тука јас се фаќам за ќепот за ќепање автобуси :

[ img ]

MNOGO SMO JAKI :D

неизвесност .. што е? амур или крап ?

[ img ]

[ img ]

моментот на вистината

[ img ]

Бабачко, лепотан прав, цели 8 килограми и 100 грама

[ img ]

Браво друже мој!

[ img ]

Мала фотосесија и ѕверот оди пак во длабочините

[ img ]

Не поминаа 30 минути откако Спаива се позиционираше удри и кај него, збесна сигнализаторот, прекрасен RUN .. но промашај. За жал и тоа се случува во крапскиот риболов, промашаите тешко се поднесуваат.

Спаива зиг - риг позиција :D
[ img ]

Затишје на езеро повторно, и рековме со Јане и Тафтабит ајде да се подружиме малку и како поискусен фрлач Јане зема да фрла со параболикот на Спаива за да добаци подалеку ..

ЧЕКОР ... ДВА, ТРИ .. Забачај и :
:D :D :D :D :D :D :D :D

[ img ]

Од 1 параболик 3 мини параболици :D :D
се скрши како штипска сијалица :D

Ајде што се скрши, на Спаива повеќе му беше криво за промашајот :D

Ноќниот тим со параболик carpdynamic или тоа што остана на Спаива
:D
[ img ]

Да сме живи и здрави, трска се купува, дружење и пријатели не се купуваат ;) Али не крена малку моментот и се насмеавме многу слатко :)

Спаива зиг-риг набави и колбасици кои ги правев на 50 степени и UV 10 :) превкусно :)

[ img ]

Тука некаде и привршува нашиот ден/два/ноќ и се спакувавме сите петорица кај Спаива бидеејќи Јане си отиде порано поради обврски и вака изгледаше тоа :
[ img ]

Поздрав до цело друштво и до Мики кој не дружеше во текот на денот! И се надеваме на повеќе вакви крапски дружби и уште поголемо знаење пренесено од Јане кој дефинитивно е супер дечко и голем крапски мајстор на вода. Благодарности.

Поздрав ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 7:34 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
i zajci sto ke kazete za jezovirot, ima li riba , kako vecerta imase li akcija :D :D gledam ovde deka od 1 no pravite tri :lol: :lol: pa ke moze li od eden pasat da dobijam 3, mi treba mala pomos,ili ajstor za da gi sredi :lol: :lol:
inace bravo sekoja cest i vi pozeluvam mnogu vikendi uspesni na jezovirive,, samo bez krsenje trski :D :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 7:36 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
ico baits НапишиCOLON
i zajci sto ke kazete za jezovirot, ima li riba , kako vecerta imase li akcija :D :D gledam ovde deka od 1 no pravite tri :lol: :lol: pa ke moze li od eden pasat da dobijam 3, mi treba mala pomos,ili ajstor za da gi sredi :lol: :lol:
inace bravo sekoja cest i vi pozeluvam mnogu vikendi uspesni na jezovirive,, samo bez krsenje trski :D :D :D
Зајко не е језовир не зезај :D баш е дивина :D а за пасатот ќе му го дадеш прво на Спаива зиг-риг :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 7:46 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:11 pm
МислењаCOLON819
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Алал да ви е за дружбата,ама пред се ..кеифот
Сте направиле мерак секоја чест..а не како мене ,,дреми дома и сонувај,, :D
Спаива не се секирај за параболикот,има брат ќе се купи нов :) ,ама и род подовите сефтосани...со мерак
Поздрав до цело друштво

Друг пат на Јане не му давајте такви параболици :D ..тој со такви не знае да фрла :D :D ,,мала шала,,

Поздрав до цело друштво

_________________
www.ribar.com.mk


Последна промена од 2 на SALE CARP, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 7:48 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
lele izvini ne e jezovir :D :D :D bravo decki, odlicna druzba , ama mislam deka trebase da pominete na velesko, imavme odlicna druzba so kolegi od forum,, nesto kinennje , nesto otkacuvavnje,, i nesto slikanje :D :D :D ako dojdevte na velesko , trskata ke bese zdrava :lol: :lol: nemase da mu dadam na zajakot da frla, mnogu e jak u racete :D :D :D nego go stavame u kujna ,glaven kuvar za selsko meze :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 7:49 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 21, 2011 11:33 pm
МислењаCOLON837
ЛокацијаCOLONTetovo
Bravo momci.
Naj ubavoto mesto ste go fatile.... Toa kade sto ste se pozicionirale... po se e najdobroto mesto....i sto najvise dal rezultati kaj site ribari.
Bravo za Jane za pridruzbata....Iskusen majstor...ima sto da se uci od nego ;) :)

_________________
Just Fish it


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 8:03 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
лелелеле каква екипа се собрала , браво момци супер дружба - на прво место, а потоа и рибите сами си идат. Поздрав до целата дружина и да имате уште многу вакви и подобри од оваа дружби.
можам да замислам со чоканчината како ви било :mrgreen: кое на кого :lol:
големо враво за дружбата и поздрав до сите учесници во неа, некој ден ке ја направиме заедничка на некоја друга дива вода со диви риби и добро расположени луге за дружба

уште еднаш голем поздрав од мене

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 8:17 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Одлично напишано од А до Ш,штета за промашувањето на Диме,а за параболикот не му се секирајте,за новиот прво Јане да тестира па после пари фрлање ;)

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 8:20 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Нема подобар провод од ноќен крапски риболов, можеби и ноќно риболовење е единствениот начин да се ужива во овие горештини кои ги имаме, единствено ако не се најде некоја дебела сенка.

Фала дечки, да си дочекате и вие :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Зиг Риг :)
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 24, 2012 8:23 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:11 pm
МислењаCOLON819
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Абе убаво јас викам...крапскиот риболов си има посебна драж.... :D :D :D

_________________
www.ribar.com.mk


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum