поздрав до сите момци
сега само ќе зборам, сликите подоцна ќе следат зашто се кај Мартин во апарат уште....
...продолжување на напишаното од страна на Спаива...
авантурата траеше 40 саати, рацете во моментов не ги осеќам, и сум страшно преморен
ни се придружија уште неколку колеги ( Предраг и Јоцо ) кој се сместија веднаш до нас и ја истераа авантурата до самиот крај. Дента слабо работеше не поради претоплото време туку поради тоа што Спаива цело време ми фрлаше олова во мојот спот и ми ѓи плашеше рибите, но кога си замина он ... УДРИ БАТО
мислам дека измислив топла вода но џабе беше се, се додека не се искрадов до боксот на Васил и не му украдов 2-3 бојли ( Васил Бајтс ). Враќање во мој бокс, ракети летаат на сите страни "тепих му постеливме од спод микс и бојли" не помина долго време ран кај мене искочи убава 4ка, почна да се смрачува повторно замре рибата. А рибата кога е замрена ракијата стапува на сила
. Диме и Јоцо разврзаа муабети чива ракија работи подобро, па ние публиката моравме да бидеме дегустатори и на 2те. Сите пијат само Васил и Станимир ракети фрлат, но после кратко време ни се приклучија и они. Тераше работава во овој правец до кај 12 часот и Мартин и Васил како мечки во зимски сон исполегнаа
, а рибата почна да работи... Греота за Станимир кој што имаше удар на секој 15-20 минути и мораше сам да се бори со рибите... Продолживме со муабетите до кај 2 часот па ме фати дремка и мене и отидов да одморам и како заклан заспав.
2:30 АМ
Неверојатен ран на моја трска а јас презафатен со спиење... Биперот збрлавел до толку што Станимир дотрча од 3 бокса подалеку за да види што се случува, а мајстор Предраг веќе контрирал и почнал да ја пумпа рибата и во исто време ми свети во очи, вика и ми го потклоцнува креветот
после напорната работа да ме разбудат некако и го направија тоа, и оп крапче капиталче 11кг
Фрчат ранови на сите страни кај Предраг и Јоцо 6ки 7ци се редат во низа, кај чичко Васил веќе прекинавме и да ги броиме
Станимир ги растури а Васил во зен фаза .
5:00 АМ
Утринско кафе кај Предраг и Јоцо во бокс ( групен собир на сите, муабети се редат ) а и по некое рипче се излажува
Ракети на сите страни, повторно теписони се постилаат.
По некое време 500кг подмладок ( од 700 - 1,5 кг парчиња ) беа пуштени во вода, а на езерото се повеќе рибари, кој за тапа кој за крапче дошол. А младичиве толку гладни што од моментот на пуштање во вода до моментот на закачување на јадица не беше подолг од 1 минута
Сите рибари скокаат од радост незнаат што да им прават на крапчињата. Толку гладни што на Предраг и Јоцо исто крапче во ист момент им лапнува 2 различни јадици, го вадат надвор и гледаат 2 јадици и 2 бојли во уста. Едната јадица на Предраг другата на Јоцо .
Денот полека поминуваше, авантурата прв на напушти Диме, после него Васил и Станимир се собраа и си тргнаа накај Софија.
2 еќипи останавме "да ѓи дотепаме" рибите. Повторно 4,5 килаши излегуваа, амур 5.5 кг кај Мартин, а од новодојденците неможеш глава да кренеш.
Поминаа уште 2-3 саати Предраг и Јоцо почнаа да се собираат и си отидоа.
Извадивме уште некое од новодојденците со Мартин и во 8 саат си тргнавме и ние
_________________
ZSRRK "VARDAR"
Кој си знае, си вади риба и преку манила.
Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site !