После договорот и најавата дека Васил ќе доаѓа во Македонија за да се дружиме на вода,
се изорганизиравме сите кои требаше да одиме и кои сакавме да одиме и да се видиме, тргнавме
накај договорената локација гого-монт.
Нашата екипа беше составена од Тафтабит, Ховитз, Кумашинот Сашо-Компир (не компир99), инаку брат на Тафтабит.
Борис и Крсте следуваа по нас, а со Спирка се чекавме на безниската после патарината во Куманово.
Бапнавме по едно кафе и шпринт на вода.
Жедни за дружење, за разменување мислења, смеење, за по некоја ракија и мезе, но секако и добри моменти.
Мора да напоменам дека тргнавме пред се за дружбата, а тоа го потврди и Спирка кој со мене седеше на форум
со 3:30 ноќта, а се најдовме после тоа во 6ч за да одиме заедно. Човекот помина 500км за да дојде
и поради оправдани причини си тргна накај Битола во 12. БРАВО СПИРКА!!
Среќни, позитивни и муабети без престан стигнавме од кој 90% крапџии
почнавме да бараме локација за да бидеме
сите блиску еден до дрг. Дојдоа и Мартин, Кирца, Максим и Кико па почнавме да се растовараме сите ко армија.
Не за џабе сме крапски тим Рибар 2011.
, млади во крапскиот, но имаме и искусни секако.
Ке не биде тим здравје боже, полека се прибираме со опрема и полека концесииве ке дојдат и ке има страшен тим до есен.
Околу 8-9:00 часот пристигна и Чичко Васил, се поздравивме и одма тргнавме да му помогнеме да ја донесе опремата.
Имаше колку сите нас заедно
, па лека полека се стациониравме и почна дружбата.
____________________________________________________________________________________________________
Најпрво го добив својот подарок, уште еднаш благодарност за истото каде се изјаснив овде:
viewtopic.php?f=61&t=1650&p=64066#p64066
____________________________________________________________________________________________________
Еве го и Тафтабит, кој го доби својот род-под кој долго го чекаше.
Чичко Васил му посакува со здравје да го служи и голем улов над 10+.
____________________________________________________________________________________________________
Посетата беше исто така со причина за да му ја врачиме Благодарницата на Васил за почесен член
на 'Рибар 2011' кој нашето здружение ја соопшти во негово отсуство на последното собрание во Борис трајковски.
Админот му ја врачи и честитавме сите, навистина заслужено!
Од ова имаме и видео материјал, ке го закачам веднаш штом го добијам.
____________________________________________________________________________________________________
Од кога завршивме со пречекот и битните работи време беше да се позиционираме и да ја пробаме опремата.
Некои беа веќе стационирани и со фрлени трски-богами и улов, а некои уживаа во природата.
Кумашинот мој, a Компирче наше
ги размлати кленовите на гого.
Додека Компир си ги млатеше кленовите, Спирка си гледаше сеир и си ужваше под багремот.
____________________________________________________________________________________________________
Инаку рацете им паднаа на Hovitz и Борис штука да фатaт, нејќеше на воблер ама никако.
Скокаа ко луди по 1м над вода, неверојатно бркаа цел ден ситна плашка која се шекна-вриеше.
На крај пробаа на кедер (живо рипче), удри и скина. Тоа беше се од штуките.
Еве како кидна од кеп.
____________________________________________________________________________________________________
Колегите до нас беа доста упорни и им се исплатеше, дента слабо работеше крапот па излезе ова на Максим.
Претходно Кирца имаше извадено крапче од 1кг, a еве го уловот на Максим.
____________________________________________________________________________________________________
Продложи дружбата, сите кој фрлаа сподови, кој мењаше мамци, кој вртеше кругови, кој се радуваше за род-подови
па јас и Тафтабит дур се поставиме не фати 2 саат попладне.
Извадивме параболиците и одма да ги пробаме новите род-подови од Васил.
Морам да напоменам, тоа е ремек дело..прави трансформеси.
Мојот веќе доби име - OPTIMUS PRIME.
Арсеналот на готовс...
Тафтабит му ја седна и го цитирам "Е сега ке ловам ко човек"
Јас бев некако желен за работа, па земав да се разгибам со некоја рака спод.
____________________________________________________________________________________________________
Попладнето беше тивко со улов, па решивме да седнеме и да се освежиме како и да се поправи муабет.
Пивнавме, каснавме и поседовме и секако се посмеавме кој што како а у.
Нешто за натпреварот во Србија каде ке оди Васил, нешто за Подлес итн...
а Мартин во меѓувреме си го склопи новиот ролер (создравје да си го служи).
____________________________________________________________________________________________________
Се вративме да пробаме уште некоја тактика, да пробаме нешто да излезе за сефте, но освен еден добар RUN
кој заврши со откачување, ништо повеќе.
еве слика од малата борба на Тафтабит...
____________________________________________________________________________________________________
Полека не стемни и почнавме да се собираме. Се спакувавме кроз шала, однесовме до кола се што треба,
се вративме на позициите да се поздравиме со Васил и со другата екипа која остана да преноќи и патот накај дома.
До лукоил по едно јако кафе и стигнавме кај 22.00 часот дома одморено-уморни.
____________________________________________________________________________________________________
Епа тоа беше колеги, а репортажата ќе ја завршам со 2 посебни моменти од кумашинот.
1. Спие како БЕБЕ, 3 саата се викаше, урлаше, пиеше, смееше уште што ти не, ОН БРАТЕ КАО ТОП.
---СПЕЦИЈАЛЕН ПОЗДРАВ до КОМПИР--- Се надевам ке најде време да ни се приклучи на форум.
2. ПОЗДРАВ од НЕГО ЗА СИТЕ НАС (се искупи на крај од закачки со овој потег)
____________________________________________________________________________________________________
Поздрав и од мене до сите колеги - бистро.