Си врткам јас по форумов и гледам чат-пат ќе се појави некоја добра риба,кога малку подоле ќе прочитам дека не е фатена кај нас.Седам една вечер и се одлучувам и јас ко Козле-Бозле да си го најдам моето Прчево.Си правам калкулации ако овие вадат килаши на 300 км ,колкава ли ќе биде мојата ако поминам 2-3000 км.И би така.Палам јас авионот и одам Шведска.
Таму ме чекаше мојот другар дебармаалец Атиле кој живее и твори во Шведска.
Букирал место во еден рибарски камп налик на Национален парк Маврово кој има седум езера и река за мушичарење.Во зависност од ревирот има различни риби,правила на фаќање и картата е различна.Ние се одлучивме за FF т.е.мушичарење со шнур на реката.Има само пастрмка и дозволено е само на мушица а картата е 60 евра на ден.
Местото е посетувано од рибари и ги има сите реквизити за човек да се чувствува дека тое е.
Може и со приколка кој му се може
Ние се сместивме во колибата на чичко Том од 12 м2. 50 евра на ден.
Вечерта уз кебапи,салата и ракија му реферирав на Атиле колку е тешка живеачката(без риба во реките) во Македонија и дека сме зафатени од криза(за дозволи)
Човекот со солзи во очите ме слушаше.Мора да сме претерале со кромид во салатата.
И така си легнавме спремни за првото утро во кое ќе си ја одмериме снагата на трските.
Ден први.
Утрото се згнавме кон реката.Таму не дочекаа рибари од Чешка,Данска и нормално домашни.Дозволено е само 10 рибари на цела река.Иначе реката е долга 1 км.и е контролирана рибата во неа т.е. секоја вечер пуштаат нова риба еквивалент на она што е фатено во текот на денот.Можеш да земеш 3 риби.Пошто е сеуште рана пролет и инсектите не се присутни одлучивме да фаќаме на стримери.И имаше резултат.Фативме пастрмки од 2.5-3 кг.Некои земавме за дома а нешто и пуштавме.Најголемата што ја фатив беше 2950 г и беше најголема за тој ден.Следниот ден фативме уште по некоја од 2.5 кг а еден Шведо извади една од околу 4 кг.Мене ми скина некоја животиња од над 6-7 кила затоа што не можев да ја мрднам од место.Конецот од 0.25мм беше како материјална точка за неа.
Вечерта одлучивме да ја поминеме во сауна( на детоксикација од овие големи риби).
Едноставно морав тоа да го исфрлам од мене иначе како ќе се вратам дома и ќе фаќам пастрмчиња од 200-500 г.
Наравоучение:Фатив околу 12 кг риба.Карта Македонија-Шведска 300 евра,дозвола 120 евра,спиење и јадење 180 евра....
Колку пари е кило пастрмка?
Околу 50 евра.
Кој сака има позади Буњаковец за 250 денари и тоа пржена.
Не ги прашав рибите можеби исполнуваа по некоја желба па затоа се толку пари?
Но како и кај Козле-Бозле кој скапо го плаќаше неговиот пат барајќи го Прчево.
А кејфот...нема цена.
_________________ Podobro da si sam, otkolku da ne si so site
Lepi napisa
... да си појдеше поубо на Треска, ем поефтино, ем поблиску и Калифорниски имат исто како и во Шведска Едино околината кај нас во МК е пошаренолика и во појќе бои и материјали(најлони, најлончиња, лименки, пластични шишиња)
jupi НапишиCOLON
Izvadil si ribolov kako od sonistata! I druze kejfo ima cena. ..... Sekoj kejf se plaka
РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
Ilija шо мака видовме да ја средиме репортажава во едно, верувам не се љутиш, ги префрливме сите слики и коментари во една репортажа, ама првите 2 слики отидоа курбан при операцијата, бидејки тие 2 не ги сочувавме ќе треба ти да ги поставиш пак во почетокот. Еве ти најлесен начин : Одиш на http://www.pic.mk/ таму ја поставуваш сликата и веднаш ти дава линк кој го поставуваш во текстот од репортажата, без да ги поставуваш сликите како attacmenti , поздрав
Peglic, komentarot ti e dobar "Ovaa nema opas" Inace ideata bese ribite da se vadat bez kepce nego so raka. Bez razlika na nivnata golemina. Najlesen nacin e da ja izmoris do kraj i na kraj za opas i vleci ja od voda. Megutoa ribava na videovo nema opas!!! Zaklucok na Ilija.
_________________
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah
Pa nema opas zosto se od mrestilista kade nemaat prirodna selekcija.
So vakov opas ne bi mozela vo normalni uslovi da prezivee.
Ne bi mozela da brka hrana a i bi ja papala nekoja stuka.
Druze kazi nesto poveke za ezerata, ili ako imas nekoja slika.......sto vidovi riba ima i uslovi
Eve link za nivnata strana. Imas i na angliski. Okolu cenite cisto za orentacija 1 evro e 9 kruni. Ako nekoj slucajno e zaiteresiran,moze slobodno da mi se obrati i ke mu iskocam vo presret. Ako nisto drugo mozam da go precekam i upatam ponatamu. http://portal.buyit.se/harasjomalaportal/
_________________
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah
Пофалби за страшната прошетка Кејфот цена нема,кој ужива во тоа-не жали и последните пари ги дава за нашата болест Добри риби ,добар амбиент...само може да завидуваме позитивно
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 21 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум