Тешко дека ке го заборавам ова излегување на риболов. Иако бев на граница да колабирам физички, буквално
Искочија од мене сите цигари, димени ребра, шарски, шопски, вина, пива, виски, ракии антики...
Атанасовски
Мислам дека погоре напишав во првиот текст дека требаше да ја земам трската од 2,45 цм со средна до средно спора акција. Но кога би бирал, пак би одбрал брза акција со пократка димензија за вакви места. Многу добро знеш дека во мушичарењето највеке зависи од риболовецот. Не можеш апсолутно на ниту еден друг начин да ги надоместиш недостатоците како во дуг тип на риболов со триста тракатанци, спин можеби. Сум почнал да ловам на тапа како скоро сите. Ловам сеуште, и на фидер крап, клен и караш, на спин, ама поретко. Од мое искуство трската треба да одговара на риболовецот. Да му легне ако може така да се изразам и да му одговара на карактерот. Со секое зафрлување тоа убаво се гледа а се зафрлува стотици и илјадници пати буквално. Можеби и јас сум таков малку, сакам одма, сакам веднаш, малку живчано
На вакви места треба многу пазење. Сто пати искинав. Времето кое ти го дава зафрлувањето трска со средна или средно спора акција ке ти биде во твој бенефит. Иако е така, пак би одбрал средно брза или брза акција бидејки така сакам да ловам, и најголемо задоволство ми дава, без разлика што на вакви места тоа е минус. На крајот на краиштата сами си носиме одлуки на риболов и си сносиме последици а и награди врз основа на таа одлука. На крај, кога одиш на риболов тоа е твое време само, и правиш онака како што максимално ти ке уживаш. Чисто заради хедонизам друже мој брза акција