Веке подолго време разговаравме со еден другар, новопечен рибар а ловец, за одење на риболов на Кадина Река. Се договоривме некако и тргнавме четири луѓе, јас, двајца ловци ( едниот новопечен рибар а другиот надежен ) и еден љубител на природа.
Главен подстрек беше тоа што зема џип и ајде да го тестира
Цело време муабетот беше Китка – Кадина Река. И така си возиме по пат ( ако може да се нарече тоа пат, само дрва исечени, со багер тргнати и израмнето уште на времето Тито) и возиме веке бајаги време. Патот од лошо – полошо. И застанувавме на места де овде ке почнеме, де онде ке почнеме. Така ми кажа другарот, ај ке почнеме ние овдека, па ке факаме нагоре по реката и ке се качиме до планинарскиот дом. Го загледав малку и си реков овој не е со сите
. Викам сосе комбилизон и опрема имам 10 килограми на мене и повеќе. А другите двајца да го однесат џипот до планинарскиот дом па да се спуштат надоле со факање. И држ, не дај, по преговарања се искачивме на самиот врв во планинарскиот дом после два часа возење кадешто не пречека домарот ( интересен лик).
И си зборам јас Китка, Китка они чудно ме гледаат. Никогаш не сум бил натаму, прв пат доаѓам, они ми викаат абе на Караџица сме
Малку чудно ми беше возењето толку време, а него му се одело на Караџица. Нема врска, Караџица – Караџица тоа е. И велам јас, е убав планинарскиов дом, кога ке се вракаме назад на река ајде пали колата? Па не вика он, ке се спуштиме од тука. Нормално реката не тече на врв планина, таа си тече во подножјето. Им велам дека не сум дивокоза па да се пентарам со опрема и комбилизон на мене. Не, они беа сосема релаксирани за спуштањето и качувањето, ама ловци се. Јас работам 9-10 часа дневно пред компјутер. Кондиција имам како Бер Грилс
Спуштањето траеше 30-40 минути. И што ке видиш. Убавина. Не е ни река, прав планински поток.Прво нешто што ми падна во очи е дека небото сосема малку се гледа од дрвјата и си реков ке има многу закачувања. Ама фатална грешка од старт. Наместо трската за мушичарење од 2,45 цм јас ја земав таа од 2,75 цм (одлука донесена по многу сигурни информации од другар ми кој го познавал теренот
) И додека си врзував типет и мушица, облекување комбилизон, другиот другар, надежен риболовец прво фрлање во едно вирче и улови убава пастрмка 200-300 грама. Тргна рибата надолу веднаш и конецот му го заглави во едно дрво потонато па влегував да одглавувам, рацете инстантно ми смрзнаа. Кога ја извадивме, и тоа како се наполнивме со енергија. Продолжи рибарењето. Првата пастрмка што ја фатив беше помала, на мушичка фазан со тунгстен глава. Приметив дека единствено што се роеше беа мали црни муви. Имаше милион на квадратен километар. И врзав таква со флеш крилца. Притисокот беше паднат и мувите беа пониско до водата. Почнаа да рипаат мали пастрмчиња да ги ловат. А почнав и јас да ги ловам нив, мали по 100 грама ама страшно борбени .
Теренот за мушичарење е страшен, ниски гранки, прерипуваш карпи по метар во висина, комбилизонот гарант на неколку места ми е искинат. Изгубив 5-6 мушици и повеке, да не зборам типети, па и лидери сменив бидејки беа испогребани од дрва и карпи. Како и да е присуството на риба тераше на продолжување. Се на се рибарењето траеше два часа бидејки веке немаше смисла од толку кинење. Седнавме со другар ми да одмориме и уживаме. Не ме држеше место морав пак да зафрлам. Зафрлување во мало вирче и од под каменот како торпедо искочи една убава пастрмка 200-300 грама. Личотија, убавина и не можам да кажам колкава радост. Дојде време за одење и најпеколниот дел од денот. Со фул опрема од доле до горе се искачував два и пол часа. Да не беше другар ми да помогне со опремата ке липсав. Среќа беше облачно и не печеше сонце. Застанав за одмор буквално 20 пати. Немам качувано планина од дете и тоа на Водно
Горе во домот првин доагав на себе пола саат, па почнавме кафе, па скара, колбаси, вешалици и најубавото пиво што сум го пиел во живот. После таков ден и физички умор, колку добро беше ладно Скопско од пластично шише и пластична чаша, на врв планина... Небаре мислиш во рај си.
Таман јадевме и се спои небо и земја. Грмотевици мислиш до тебе маваат.
Се на се прекрасен ден. Ако ме праша дали некој би одел повторно, би рекол наредниве два месеца не, додека не бидам во форма. Не препорачувам одење доколку некој не е во одлична физичка форма, инаку треба спасувачи да те вадат, со сајла или хеликоптер. Се на се ден што нема да се заборави.
Лудо и незаборавно.