По договор со колегата од Грција,решивме да направиме еден брзопотезен риболов таму,да се видиме,да си помуабетиме,да му ги дадам кашиките кои му ги купив од кај Васе Дам и да му дадам од ветените банана чоколади ,кои на последниот риболов му го поматија умот
Тргнавме од тука со Мики,се наместивме во еден невиден змијарник и на пеколна температура започнавме со проверка на се и сешто од спининг куферчињата.
Мики го направи сефтето со првиот костреж ,кој удри на DAM EFFZET 22 gr
Eве ме и мене со истата риба
Во меѓувреме простигнаа и колегите од Грција,и започнавме да вадиме кострежи од ист калибар на силикони,кашики и жив мамец
Во меѓувреме и една змија јако го проголта мамецот се до оловото
И уште некоја фотографија....
Има и некое видео,кое ако го добијам-ќе го објавам.
Да не беше толку пеколно ќе останевме уште еден ден....но на тивкото спурно време чадорите кои ги носевме беа како детска играчка и затоа патот под нозе и правец дома