Сомот е риба која исклучително сензибилно реагира на промените на температурата на водата. Па според тоа треба и ние да се прилагодуваме кон риболовот на оваа голема риба.
Ако температурата на водата нагло падне, сомот ќе биде пасивен. Ако се качува, се качува и неговата активност. Реагира интензивно како ретко која друга риба.
Ова што следи е приказ на реагирањето на сомот при различни видови на температури на водата. Собирани се искуства од повеќе од 15 години, следење на сомот на повеќе различни води, во Германија, Италија и Шпанија. Па така мојот германски пријател ни дава податоци за активноста на сомот кога се мрести но и најдобрите методи за риболов во одреден период т.е. на одредена температура на водата.
Но кога сомот се мрести ?
Најчесто во месец мај. 1995-та на пример, заради многу топлата пролет, температурата на водата веќе на почеток на мај беше 22 степени. Тоа е и температурата кога започнува неговиот мрест. А веќе при крај на мај почнал и активно да се храни. Следната година зимата беше ладна и многу долга па сомовите го имаа својот мрест тек на крај на јуни и почеток на јули. Минатата година пак, имаше многу чести и големи температурни разлики и тоа цела пролет и голем дел од летото. Таа година, сомот во најголемиот дел од водите воопшто ни не се измрести. Резултат на ова беше и многу лошиот улов на сом бидејки сомот цело ова време многу малку се хранеше. Сето ова покажува колку сомот е зависен од температурните разлики на водата во која живее.
Во продолжение преглед на однесувањето на сомот во зависност од температурата а водата.
9 степени
Ладна вода. Сомот е повлечен во најдлабоките делови од водата. Оној кој ја знаа конфигурацијата на теренот под вода може да предвидикаде би требало да се наоѓа и веројатно ќе ја добие шансата да има и понекој удар. Меѓутоа и во зима, после еден долг ладен период, кога температурата на водата од некојси 5-6 степени ќе почне да расте и се покачи за 2-3 степени, моче во длабоките вирови да се очекува и понекој удар.
9-12 степени
Почнуваат да се размрдуваат. После подолго време на релативна пауза во исхраната започнува да им се зголемува апетитот. Во овој период претпочитаат помали мамци бидејки и на целиот внатрешен организам на сомот му е потребно време, после долгиот пост да се прилагоди на повеќе храна.
12-15 степени
Ова е температура на водата која е најчеста во април и мај но и период кога сомот почнува да се припрема за својот мрест. Сега веќе земаат и поголеми мамци и ги пратат јатата риби кој се двиѓат кон помалите и со кислород полни помали водотеци. Ова е период кога се фаќаат големите. Тие мораат во релативно краток временски период да изедат големи количина на храна за да можат да се приготват за мрестот кој што следува. Во овој период големите капиталци се помалку претпазливи и полесно се закачуваат на јадица. Риболовот со жив мамец во проточните води е најефикасен. Можат да се користат како мамец и поголеми купчиња на црви ставени на трокрака. Кај езерскиот сомолов во овој период ефикасна е ,,монтажата со голем памур или боја,, но и ,,монтажата со подводна тапа,,.
Овој период е одличен и за лов на сом со вештачки мамци со спин техника, при што пријателов од Германија користи силиконски рипчиња во големина од 15-23 цм., тешки кашики и големи воблери. Во потоплите краишта од Германија како што се реката По во Италија или Ебро во Шпанија уште еден мамец кој во овој период дава одлични резултати е кучешката храна и тоа посебно од марката ,, Frolic ,,.
16-19 степени
На овие температури дури и помалите сомови стануваат активни па може да се рачуна со почести удари. Опасноста заради пад на температурат сомот да стане не толку активен во овој период од годината е веќе незначителен. Методите на риболов се слични како кај за неколку степени пониските температури на водата. Но доколку температурата се покачи започнува припремата за мрест и тука сомот јасно помалку има желба за полнење на стомакот.
19-22 степени
Мрестот само што не започнал. Ова е период кога сомот ги напушта своите вирови и во големи групи се движи кон поплитките места кој ги има одбрано за мрест. Се наоѓаат на уливи на реки, места побогати со кислород, во близина на големи потопени препреки или стебла. Доколку нема вакви места се бараат песокливи плажи близу обалата. Во овој период најдобар мамец е воблерот кој мора да помине во непосредна близина на сомот за да биде лапнат.
23-24 степени
Сомот се мрести на оваа температура на водата. Машките сомови се борат за превласт кај женката. Исфрлањето на икрата најчесто се случува при температура на водата од 23 степени и најчесто во ноќ кога има полна месечина. Агресивноста на сомот сега веќе ја нема и тој скоро и да не се храни. Овој период во посеверните земји е јуни или почеток на јули но во јужните и кај нас ова се случува веќе во мај.Во овој период сом може да удри само како резултат на заштита на своето гнездо. Ова е период и кога не би требало да се оди на риболов на сом.
24-28 степени
Две недели после исфрлувањето на икрата сомот веќе може успешно да се лови. Се разместуваат низ вировите и желбата за храна име е повторно зголемена. Најдобра метода за риболов на сом во овој период е да се примамува према површината со помош на бучка. Како мамец идеални се грстови на црви или жив мамец. Ова е период кога сомот е многу активен и радиусот на движење при барање на храна е голем. Затоа и најдобро реагираат на звукот на бучката, се качуваат во погорните слоеви на водата и често го наоѓаат нашиот мамец. Чести се ударите на помали сомчиња. Екстра можност нуди ноќниот риболов со спин техника, кога го наслушкуваш сомот каде лови и тамо го фрлаш мамецот.
28-20 степени
Касно лето и рана есен. Право време за риболов на сом. Температурата на водата стагнира или е во благо опаѓање. Ова е период кога најдобро се лови во касните попладневни и раните ноќни часови. Успешно се лови скоро со сите методи на риболов на сом.
19-15 степени
Најчесто септември / октомври. Пленот на сомот полека почнува да се движи кон подлабоките делови од водата па според тоа и мамците треба тамо да му се презентираат. Периодот на хранење полека се намалува но се зголемуваат шансите за улов на капитални примероци. Во овој период може и да се крми место во близина на некој вир при што би се собирале помалите риби, всушност оние кој се плен на сомот. При ова треба да се лови со монтажа со жив мамец презентиран со помош на голем пампур или подводна тапа.
15-10 степени
Помалите сомови веќе ја имаат направено залихата за зимските месеци но сеуште се активни. Но на капиталците им треба повеќе па затоа во овој период они се сеуште многу активни. Потоплите денови даваат повеќе шанси за удар. Силиконските мамци кој се водат при дно стануваат повторно актуелни.
Ова се искуства кој се релевантни и собирано долги години. Самава теорија на активноста на сомот бара и малку труд т.е. мерење на температурата на водата и тоа не само на површината туку и разните слоеви на водата.
Се надевам дека ќе можете да извлечете некој заклучоци од оваа презентација и ќе можете да ги искористите на терен.
Бистро