Стрежево е специфично езеро. Има крап и што е најбитно е сtрашно борбен.
Неколку класични нокаута имам доживеано на Стрежево како никаде на друго место.
Сакаш да фатиш крап на Стрежево?
Земи сондирај, најди место (најубаво во близината на некои потопени крошни од дрва какви што ги има колку сакаш во езерото) нахрани со партикли и боили кои ќе ги спремиш, најмалку 3 пати пред риболов, во големи количини и оди во петок навечер, дојди си во недела пред ручек.
Што треба да се знае од мое искуство на Стрежево.....?
1. Боили никако помали од 18 или 20 мм. Зошто....има кленови колку сакаш па за да не ти досаѓаат ептен, ова е и те како пожелна големина на боили. Јас сум ловел и на две 18 /ки. Поретко ми удираше на таа трска ама кога ќе засвиреше сигнализаторот на кој стоеше, секогаш беше крап.
2. Партикли фрлај во големи количини, боили многу помалку. На пример на една кофа поликолор партикли, фрли 2 кг боили. партиклите се помали и кленот ќе ги собере прво нив. Секако дека му се слатки и боилите но ако се во погоре споменатите димензии, помалите кленови тешко ги земаат и прво ќе ги исчистат партиклите.
3. Кога ќе ти легне јато кленови на храната, не се обидувај да дохрануваш. извади ги трските, легни да одмориш саат два или земи јади, врзуј, прави нешто. После 1 час, зафрли една или две трски без никаква дополнителна прихрана и пробај да видиш дали се уште тука. Ако титкаат тука се. Ако не, полека спреми си помала количина на партикли и малку боили и оди дотури на местото и зафрли си ги трските.
4. Не бегај далеку од трските, 10 кила крап се бори како ненормален, како 20 килаш на друга вода, брз е како молња и знае да те нокаутира како што и мене ми направија на неколку пати. Седи си поблиску до трските особено ако ловиш во близина на потопени дрвја.
5. Прашај ги краварите или селаните на кои места се симнуваат мечките да пијат вода, за да не бегаш ноќно време како алната ако се симен некоја !