Продолжителното лошо време толку ни го расипа расположението та само следевме за добра временска прогноза да може барем малку да отидеме до некоја вода и да се посончаме ако не друго.
Со еден од коегите на работа долго се договараме , но не тој да лови затоа што воопшто не е заинтересиран за риболовот туку да го земам со мене неговиот син Валери.
Малиот е супер запален по крапскиот риболов , полека се вооружува со потребнинте работи , следи што се се случува во овој вид риболов и најважно има трпение да чека.
Во Понеделникот одново времето беше за никаде кога околу пладне ми звони телефонот и колегата ме прашува што правиме за денеска Фторник. Јас му велам што има да правиме , ќе одложиме за некој подобар ден , времето е за никаде.
Неговата реакција беше во стилот, види Василе ако сака и потоп да стане одиме, овој мојов цела недела само тоа ми зборува кога ќе одиме со тебе на риба.
Е сега што да правам , викам епа добро во 8 бидете кај мене и тргаме. Езерцето каде решивме да одиме е на некој 5-6 км. од мене , порибено е и е супер за еднодневно опуштање.
Само да не одите Сабота и Недела - леле мајко од народ
Еве и малку фотографии од двобојот Млади против стари
Местото на двобојот
Главните актери на двобојот Валери и Васил
" Смртоносното " оружје
Додека едниот прихрануваше
Другиот гледаше сеир
Гледај сеир ама сега гледај и како се вади риба
Па дури морав и да сликам
И пак сликав
Е дојде време и мене да ме сликат
Тоа е се од Нашиот двобој , поздрав до сите членовите на форумот од мојот мал пријател
Валери и од мене се разбира !