Договарање на еден заеднички риболов со пријателите од Србија , се одбира вода на која ќе ловиме , боили , прихрана, тактика , термин и на крај ШОК - во тој термин временската прогноза студено со врнежи.
Ама нели сме си рибари будали нема враќање назад.
На 14-ти во 01 часот палење колата и правец граница. Во Србија на автопатпт се срекаваме со моите пријатели од Заечар, се поздравуваме , пиеме по едно кафе и продолжуваме према Панчево каде не дочекува домаќинот на оваа средба Драган Миленкович . Се поздравуваме како стари пријатели и се упатуваме кон Дебељача оддалечена околу 30км.од Панчево. Времето си е посебна приказка , тмурно, си врне кога ќе си посака но ништо неможа да не сопре.
Пристигаме на езерцето , запознавање со домаѓините кои се грижат оваа вода да се одржува како треба и се упатуваме кон местата кои ни беа предходно резервирани.
Максимално брзо отварање на шаторите зато дождот не престанува, уфрлање багажот, отварање род подови , трски , мамци и започнуваме со она за кое и бевме дојдени.
Риба има и тоа доста , примероците се од 5-20килограми и она што најмногу не изненади нивната голема борбеност.
Да не одолгувлекувам нека фотографиите кои ги направив ви ја доловат атмосверата од нашиот педдневен викенд нд Дебелјача.
Сигурен сум дека повторно ќе ја посетам