Еве ја и нашата репортажа од денот кој го поминавме екстра опуштено, доста ветровито, многу естер во организам
и секако дружба со нашите колеги со направивме доста интересен колегијален натпревар,и со оглед на тоа дека вадеа
доста кленови јас мислам дека ловеа и на џигер.
Шала нормално, супер си пројде и се надевам дека вака ке се видиме и на дива вода некаде на подолга кампања.
Мартин и Кирца беа мноооогу поспремни од нас на секое поле, со оглед на фактот дека сепак ние сме некомплетни сеуште,
но се трудевме доста и еве како помина денот.
Систем: Safety bolt, inline feeder
Подвез: Sufix Cameleon, G-Carp (knotless knot)
Јадици: Fox Arma longshank 6, Gamakatsu G-point 4, Adriota (доста добри јадици)
Олова: 60-80gr. made by kirca, inline feeder 40-60gr
Мамци: CC 14мм (пола поп-уп balanced) hellraiser со комбинација на Cukk (чоколада и скопекс)
Спод микс кој мене ми е екстра докажан ( мелена пченка, јачмен, храна за птици, шеќер(карамела), палента, 3 пудинга од карамела).
Дојдовме покасно малце каде ги видовме Мартин и Кирца готови и поставени дипуваат и врзуваат пва.
Одма ја договоривме кој фати повеќе - части пиво на крај, и побрзавме да фрлиме и ние.
Се поставивме, сите со своја комбинација за почеток и почнав со прихрана на теренот.
Имаше доста удари, но и доста промашувања. Малку нервоза за почеток нормално додека добиеш добитна комбинација.
Тоа зборам и за монтажата и за системот.
Покасно сфатив дека кленот е доста пораснат и закача и на боила и на пченка.
Наместивме и после серија промашувања (пред се поради опремата што ни фали), почна конкретна реализација.
Владо го скрши мразот...
Не беше долго и кај Тафтабит, па почнаа да ги млати и да им довикува на другата екипа дека ги стигаме.
Јас со поддршка и со улов за кој можев да се кладам во живот дека нема да се случи, ама ете се случи...
Додека влечев за да сменам подоле-погоре техника, мамец со влакно а у..почна да им игра врвот
како да сум фатил штука на снешко и safety bolt монтажа боже сачувај....коа ете ти стварно.
НО кога се наместив, тргна...
Имаше некој ветар кој не здроби, и почнавме да се муртиме така со капи на главите и гледам
екипава ми паѓа на морал, па морав да ги ангажирам у ресторан на дипување.
Оставиме параболиците со кочниците лабави и правец на по некоја жута и голема шоооопска.
Од тамо нема слика (мартин и кирца ке потврдат) се вративме позитивно шантрави и со мотивација одма.
Коа се вративме у БОКС
шо ке видиш, кај мене нема конец отишол цел, кај Владо исто, ама кај Тафтабит машала...
Нешто стивна попладне, јас млатејќи сендвичот скокнав пошо ја крена трската брате мислејќи дека е нешто поголемо
за на крај да биде некаде до 2кг.
Вака-така, крапот е навистина борбен на гого, мал ама доста борбен.
Епа така момци, на крај застанавме до кај екипава да наздравиме со пивце и честитаме и
да падне некоја фотка и муабет-шала нормално.
--------
превземено од репортажата на кирца и мартин
------------
На крај патот под ноги, на лукоил едно јако кафе и бруфен
нормално за главоболка (шо од ракијата, шо од ветарот)
и среќни за еден екстра поминат ден на вода. Гого е супер за забава и мал тренинг и рутина.
Ке мора битолчаниве да ги закачиме тамо еден ден, Спирка ајде организирај екипа и се гледаме на гого додека трае мрестот
и доделувањево концесии по дививе. Мора да се пробаме шо на вода, шо на маса.
Бистро!!