Јас, Тафтабит и ВладоМКД изгорени за на вода и после скоро 1 месец обврски и турбуленции кои ми го забавија
процесот на уживање скроивме еден екстра брз договор за мало опуштање на езерцето во Росоман кој пред неколку години вроди со екстра улов.
Тамо се ваделе крапови на 5+ и амури кои давале борби невидени, секако караш во изобилие и по нешто клен и костреж.
Тргнавме рано кај 4ч. за да се наместиме со време и со надеж дека ке направиме супер инстант риболов, со спремен
спод микс за прихрана и неколку ароми на поп-ап (цц). Пуштени подолги предвези знаејќи дека езерото е доста затревено
но тоа што го видов просто ме фрапираше.
Еве како изгледаше одкога се наместивме и едвај најдовме мал простор за да фрлиме.
Трева, алга, некои 300 отпадни растенија одозгора, но тоа е тоа моравме да почнеме во моментот со поинтересниот дел.
После утринската терапија со мезе и ракија
, малку разочарани, Владо и Тафтабит си наместија тапчињата.
Cи направија простор да фаќаат караш за да биде нормално
интересно и да не го потрошиме денот жалејќи го езерото како лошо изгледа и фаќајќи се за глава кога на 15 мин
ке имаше по некој скок како да се фрлил човек во вода. МНОГУ РИБА!! КРАП!!
Толстлобици отвараа усти низ цело езеро помеѓу тревите...НЕВЕРОЈАТНИ ГЛЕТКИ.
Но, од прав слободен крапски риболов ни тронка!
Еве што добивме од резултат:
Мали лани измрестени крапчиња до 150-200гр.
Извадивме на црв преку 30-40, и жал ми беше да ги вратам назад од тоа што го гледав каде треба да растат.
Сакавме да ги собереме во кофа и да ги пуштиме на Велешко, но сепак тие не се наши и останаа тамо каде што
се со надеж дека ке доживеат да пораснат како роднините негови што рипаа наоколу.
Позитивната енергија продолжи со изненадувачки гест од Владо.
Извади еден воблер кој го направил за мене како подарок за роденден (иако е рано) и истиот изгледа неверојатно добро.
Неможел да дочека до крајов на месецов па го прифатив подарокот со задоволство. Едвај чекам да го пробам...
Дојде веќе 3 часот и се спакувавме зошто немаше логика повеќе да се остане и пак ќе напоменам
дека го напуштивме езерцето со разочарување не поради рибниот фонд, туку поради негрижата
од концесионерот извесен С.Р. кој се надевам ке проба да ја санира состојбата на истото.
Така разочарани и по платени дневни карти , видов и една слика што навистина ме фрли во таква
иритантна состојба,
но за тоа друг пат....
Тргнавме назад и сакавме да пивнеме по некое пиво на Велешко и го побаравме Зајакот од Велес
каде наидовме на доста конструктивен муабет и екстра поминато време со мнооогу пиво.
Еве го Зајакот со презентација на лице место.
Kaj 8 часот вечерта спраштивме накај дома и колку толку освежени бевме задоволни од дружбата и
позитивната енергија што сами си ја направивме.
Поздрав до сите и Бистро.