Убав помин, најскоро што можам и јас ќе ги ставам сликите, иначе ситуацијата со мрежите беше и смешна и трагична........сврти се лево мрежички, сврти се десно мрежички, пцуј во себе се по список.....и после кога рековме менуваме локација сашо и срѓан се пентареа од една страна, јас од друга, кога веќе поминував покрај мрежичките си викам дај да приберам некоја, ќе се качи водата ќе се плеткаат риби и така ја си набрав еден куп искинати мрежички, ги стуткав ко кошаркарски баскет толку имав набрано, искачам на патот горе и идам накај кола и ете ти го батето поминува со кола и ме загледува така чудно, ...си викам у себе, ај биди тоа што мислам дека си.....и ете ти го искача од кола иде накај мене и ми вика “дечки здраво, абе знаете ли вие дека е забрането да се фаќа со мрежи, еве ја ги викнав и чуварите, јас сум претходен чувар на езерово, бла, бла“....го гледам и ми се плаче.....да си некоја сељачина па да фатиш да го тепаш, да го тепаш, да го тепаш, па после да му кажеш зошто го тепаш.....кога му се пуштивме да го караме, дур не разбра кои сме, си спушти главата, ни се испожали и он.....па некако се разбравме.....ама заеднички констатиравме дека работата не ја бива.....жално е што никој не поминува да ги собере тие мрежички по обалата, а ги има многу, жално е што никој не поминува доле на обала да те провери и жално е што некој помислува дека мрежар ќе му се шета по патот горе каде има врвулица коли, со мрежа во раце во 11.00 денски......ако ги чекаат вака да ги фатат “како што ме фатија мене
“ на мавровско црно му се пишува