www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 06, 2024 2:05 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 06, 2012 11:55 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Многу се мислев каде да се оди на риболов.
Имавме доволно информации.
Грција - забрана ама луге ризикуваат, јас несакам таков риболов. Ке си почекам до почеток на Јуни.
Дебарско - го сакам многу, секогаш дава повеќе од што очекуваш, слушнав јадело ама и нема концесија а и мрест е.
Козјак - жал ми е да го гледам обвиткано со таа црвена лигава алга, плус нема концесија а и мрест е.
Маврово - по мене најубавото езеро, и да не фатиш ништо душата ти е полна со убавини, а и има концесионер ( од бога даден за век и веков ), знаеме дека кленот е во мрест, но и така ќе го пуштаме, а пастрмката е бонус. Знаевме дека слабо јаде т.е. никако ама сепак решивме.
Ке одиме на Маврово.
Екипата, Срѓан, Борис и јас.
Маврово не пречека како и секогаш - ладно - ама знаевме дека ќе не стопли, ако ништо друго сонцето.
Како и секогаш, прво одиме во Дирекцијата на Н.П. Маврово по дозволи. Веројатно сме едни од ретките кој прво одат тамо па после на езеро ама таков е редот.
А муабетот тамо:
Јас: Шефе а забрана има ли ?
Тој: не бе, нема.
Јас: Е како нема, па нели е мрест, а така и Ви пишува на сајтот.
Тој: Е па ако така пишува тогаш има, абе јас сум тука само дозволи да издавам.
Абе светов се изместил.
Одиме кај ,, споменикот ,, првпат го гледам Маврово годинава и не ми личи многу испразнето ( го очекував попразно ) но веројатно и се поднаполнило бидејки од испустите гргаше вода.

[ img ]

[ img ]

Никаков знак на вода, ништо ни да скокне, ама тоа не мора ништо да значи - нели.
Почнавме да фрламе, кашичиња, мојот фаворит - бел mepps cyklops 0 не дава резултати, понекој Yogi, Ujka - ништо, цикада Брзотрз - ништо, па Брада бугер, па пак некој кашики - ништо. Требаше да се брцне подлабоко. Излезе овој јапонец Smit D-Contaсt
[ img ]

Ретко го ставам, тежок е и тоне а и треба брзо да се води ( за пастрмка ) ама многу убаво работи ( во иднина ќе го користам почесто ).
Прво фрлање - бап, една плашка. Плашка предатор, малку поголема од воблерот. Абе не ме интересира, јас се куртулив од црнецот. Нормално C&R.
Второ фрлање, остави да потоне па влечи па застани и остави да потоне, па вле .... бап удар. Бега во страна, обично кленот влече надоле, а и воблеров не е кленски - ќе да е пастрмка - му викам на Борис. По неколку секунди се испостави дека сепак е клен. Нормално C&R.
Сликите со моите ,,улови,, ги има Борис, се надевам дека ќе ги постави.

Пофрлавме уште малку и решивме да менуваме локација - Црн камен.
Пред тоа собравме мрежи и мрежички што ги имаше купишта испозакачени на камењата.
[ img ]

Сега водата е ниска, кога ќе се покачи овие мрежички ќе бидат во вода. каква што среќа има Компир, сите воблери ќе ги остави на нив. Ги собравме и се качуваме нагоре.
Поглед од пола пат, веќе насобрана добра група на риболовци кој ловеа на тапа
[ img ]

И горе не чека дечко. Се спремаме да влеземе во кола. Борис со полни раце мрежички. Дечково приоѓа и вели.
,, Добар ден, знаете ли Вие дека е забрането да се лови со мрежи ?,,
Ние додека му објаснуваме за што се работи, дечково фрла поглед накај патот и вика, ,, еве ги ,, и доаѓаат уште двајца ,, ренџери ,, ...
Брзо им објаснивме за што се работи, видоа дека мрежичките се стари, кој сме и за што се залагаме. Направивме едно 15 минути муабет, се жалеше на некој состојби кај нив, ние му предлагавме што и како можеме да помогнеме. Ние му се жалевме за состојбата на езерото, преполно со испозакачени мрежи, дека тоа би било невозможно доколку нивната чуварска служба си ја врши работата, низок водостој, рибокрадци. Ја чепнавме и темата ЕЛЕМ и незаштитениот одводен испуст низ кој ( бидекји со години наназад нема електро заштита - струја која ќе ги одвраќа рибите подалеку од испустот ) рибите влегуваат во турбините и се прават рибја паштета.
Тука мора нешто да се стори.
Убав разговор но ние сакавме и да продолжиме да риболовиме. Па така му поклонив една маица ,, СТОП ЗА РИБОКРАДЦИ ,, и пред да продолжиме понатаму не замоли да Ве известиме дека доколку, било кој од Вас примети било каков недозволен риболов на Мавровско, веднаш да се јавиме кај него на телефон 078 495558 ГОЦЕ или на 078 495602 чувар Велко.
Црн Камен
Полно ѓубре од минатонеделниот празник, се пикникувало, повторно мрежички насекаде околу нас
[ img ]

И прекрасна природа
[ img ]

Почнавме да фрламе ама несака. По некое време му велам на Борис ела да видиш како се фаќа пастрмка и одам од заливот накај карпите, ама џабе кај мене не сака а Борис вика - ,, види, види ,,
[ img ]

,, пред нозе, таман кога сакав да го извадам спинерот , од под камен излезе и го зема ,,
[ img ]

и нормално се врати назад во вода за да порасне. C&R
[ img ]

[ img ]

Во меѓувреме дојдоа и Дафко и Ненад 212 од форумот, малку разговори, малку риболов ...
Ненад фати уште еден клен
[ img ]

И нормално фати - пушти
[ img ]

[ img ]

Дафко и Ненад останаа уште да риболоват на Црн Камен а ние решивме да се одмориме малку во ,, Мал Одмор ,, во Анови. Секогаш така ни завршува риболовот на Мавровско. До следниот пат....

И сега седам дома и имам некој мешани чувства. Прекрасна природа, убава вода, ова езеро може да се направи и словенците да ни позавидат. Арно ама ние сме сепак многу далеку од нив. Испуштена вода, осакатено езеро со мрежи и мрежички.
Концесионер, на кој не му е многу грижа за риболовот. Инаку како би се сфатила сегашната состојба. А може и има и финансии и опрема и луѓе.
И уште нешто.
Апел.
Почитувајте го мрестот, враќајте ги рибите назад во вода ( барем за времетраење на мрестот ). Дозволете им да се измрестат.
Доколку се зачува мрестот, колку и да се риболови на таа вода ( и дозволено и недозволено ) риба ќе има доволно само доколку им се дозволи да се измрестат.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 12:09 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Јан 03, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON158
Odlicna prosetka Sase, i uste poubava reportaza.I jas samo ke konstatiram i slozam so tebe deka Mavrovo moze da bide vistinski raj za site nas,samo maaaalku poveke da se cuva.
p.s plaskata e nadvor od igra kaj batko crnja
pozdrav


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 12:11 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
ААААА, фатив јас и клен ама сликите се кај Борис.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 12:14 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Јан 03, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON158
Dodeka ne gi vidime,zagrozen si :D :D :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 12:14 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
а баш преѓе кога возев накај крушево -после дхисар си викам да возам до маврово или крушево ама некако касно ке беше саатот ме попишмани инаку и јас ке речев ЕВЕ ГИ :D

-браво екипо прекрасна репортажа со сите нишани -- што да кажам поке све си напишал во репортажата :) ке ги чекам и сликите од борис за да ја дозавршам терапијата :mrgreen:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 12:15 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Абе не му верувате на прецедатело ?

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 12:18 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Јан 03, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON158
saso НапишиCOLON
Абе не му верувате на прецедатело ?
:lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 7:44 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Си се туфкавме ние со Компир тука во неделата, ич да не се секирате :D
А Срѓа го папаше?

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 8:16 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Bravo majstori

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маврово - фати/пушти
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 8:31 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Пастрмката што ја фатил Борис,вистинса убавица,браво и за фати и пушти за целата екипа :D
Многу убава репортажа :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 24 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum