Како да се искористи продолжениот викенд... па секако одиме малце на релаксација ... Дестинацијата е „Ергела“ ,микроакумулација , која се наоѓа на околу 18 км од Битола десно од селото Новаци и РЕК Битола....
Палиме „машината“ и со goceBitola во 5.30 заминавме од Битола
Денот беше прекрасен сонце немаше ветер , право уживање ...
Се гледа и Пелистер кој е сеуште со снег...
Зафативме позиција малце примама и чекаме....
Гоце го направи и сефтето...
За мамци користевме преница , пченка (сеќерац) но пробавме и на црвче ама црвецот го земаа мали досадни карасчиња и се одлучивме да користиме само пченица и пченка...
На крај еве дел од исходот ... неколку покрупни караси од кој најголемиот беше 500 грама....
Во езерцето иначе има карас , крап и штука (за штуката дознавме пред некое време)... Секако сакавме да пробаме за штука па беше пуштена по една прачка на мал крас но безуспешно немавме удар на штука додека „комшијата“ до нас имаше удар и неговиот карас беше преполовен... Нареден пат моше да се концентрираме повеќе на штуката
Некаде на пладне почна и многу силен ветер па решивме да се вратиме...
Разгеле....