Викендов се мислевме каде да одиме. Имаше најави за урагани и торнада, и затоа решивме да одиме во недела, прогнозата повеќе ветуваше. Од голема помош ми беше и Акирибар, кој ми даде свежи информации од терен, посебно за делот на ураганите, за брановите на реката и слабата активност на рибата
Ама гзот запален, се надевавме дека во недела ќе се смири ветерот и запичивме. Го најдовме местото од втора, се сместивме, запаливме гоолем огин пошо беше кочан ладно, ама за среќа, сабајлето немаше ветер. Водата беше мирна, тепсија. Фрлавме на све живо и диво, со џигери, со воблери, не пипаше ништо сабајлето. А рибата скока од спротивната страна, ти прави лиги невидени и ти фаќа сеир
Кога излезе сонцето, Акирибар се разбуди од некоја кола во близина и дојде да се пофали како смрзнале претходниот ден
Се запознавме и со Тапа успат
Кога излезе убаво сонцето, кога не спука еден ветер... Дури и столчето ми изгоре, не видов дека паднало додека бев на друга локација, па ветрот донел некој жар, па платното полека си горело како цигара, и завршив со две солидни дупки на седиштето
Активност на рибата речиси и да немаше, сите екипи во околина имаа фатено по клен-два, по некоја попадика и толку. Еден подолу од нас дрмна едно животно од клен, и мислам дека тој беше едини вреден за спомнување.
Среќа, почна да јаде попадиката, баш пред нас
, и тоа излегуваше крупна попадика, каква што одамна немав видено, посебно што попадиките претходно ги фаќавме на Пчиња, и никогаш немаме фатено вакви
Се на се, ние 3-ца фативме 25 парчиња, што беше одличен улов во споредба со екипите наоколу, кои углавном бркаа клен и немаа некој успех, пред се ради ветрот.
Кај 12 ме фати сафра и ме уби ветерот, па ги оставив другите и пешки (1 саат - душа ми излезе по сонцето, со чизми и цела ратна опрема), отидов до состав на Треска и Мала Река (Беличка), па нагоре километар-два по Беличка со мушици, ама водата беше надојдена, еден локалец ми кажа дека 2-3 дена претходно нагло се зголемила од снеговите што се топат горе, а при таква вода тешко дека ќе удри некое пастрмче
После се вратив на состав, пробував едно пола саат - саат со блинери, воблери, мушици, што се не (од време на време скокаше по некој клен во близина на обала), ама немаше удар, а и Треска беше доста матна.
Се на се, убаво поминавме, со оглед на надежите кои ги немавме, ради претходните информации
Следно одење на Козјак во Мај, кога ќе бидат стопени снеговите и намалена водата...
Неколку фотки во продолжение...
На разденување, без да знам дека во полото спие Акирибар
Се сместивме на позиција и се греевме еден саат пред да почнеме да фрламе...
Водата мирна, преубава, малце брза, ама со поголема тапа и кочење, одлична
Акирибар е веќе разбуден и мести мамци некаде
Ветерот не уби, цел ден не ја извадив капуљачата
Реката (речиси улив) со бранчиња...
Првата тура на попадики
На пат кон состав:
Не за џабе се вика Беличка...
На состав, водата од Беличка надојдена и прави беља...Десно е матната од Треска, не ја сликав!
И на крај, дел од рибите во домашна атмосфера (колегата од работа ги собра неговите - голем јадач бил), бидејќи отидов порано и ме собраа над состав од Треска, не стигнав да ги сликам на лице место...Тоа малото е кркушка, ја закачил татко ми, а мераклија е на кркушки
http://pic.mk/images/dsc0031302502419.jpg