www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 05, 2024 12:59 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 11, 2011 8:27 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Викендов се мислевме каде да одиме. Имаше најави за урагани и торнада, и затоа решивме да одиме во недела, прогнозата повеќе ветуваше. Од голема помош ми беше и Акирибар, кој ми даде свежи информации од терен, посебно за делот на ураганите, за брановите на реката и слабата активност на рибата :)
Ама гзот запален, се надевавме дека во недела ќе се смири ветерот и запичивме. Го најдовме местото од втора, се сместивме, запаливме гоолем огин пошо беше кочан ладно, ама за среќа, сабајлето немаше ветер. Водата беше мирна, тепсија. Фрлавме на све живо и диво, со џигери, со воблери, не пипаше ништо сабајлето. А рибата скока од спротивната страна, ти прави лиги невидени и ти фаќа сеир :)
Кога излезе сонцето, Акирибар се разбуди од некоја кола во близина и дојде да се пофали како смрзнале претходниот ден ;) Се запознавме и со Тапа успат :)

Кога излезе убаво сонцето, кога не спука еден ветер... Дури и столчето ми изгоре, не видов дека паднало додека бев на друга локација, па ветрот донел некој жар, па платното полека си горело како цигара, и завршив со две солидни дупки на седиштето :D

Активност на рибата речиси и да немаше, сите екипи во околина имаа фатено по клен-два, по некоја попадика и толку. Еден подолу од нас дрмна едно животно од клен, и мислам дека тој беше едини вреден за спомнување.

Среќа, почна да јаде попадиката, баш пред нас ;), и тоа излегуваше крупна попадика, каква што одамна немав видено, посебно што попадиките претходно ги фаќавме на Пчиња, и никогаш немаме фатено вакви :) Се на се, ние 3-ца фативме 25 парчиња, што беше одличен улов во споредба со екипите наоколу, кои углавном бркаа клен и немаа некој успех, пред се ради ветрот.
Кај 12 ме фати сафра и ме уби ветерот, па ги оставив другите и пешки (1 саат - душа ми излезе по сонцето, со чизми и цела ратна опрема), отидов до состав на Треска и Мала Река (Беличка), па нагоре километар-два по Беличка со мушици, ама водата беше надојдена, еден локалец ми кажа дека 2-3 дена претходно нагло се зголемила од снеговите што се топат горе, а при таква вода тешко дека ќе удри некое пастрмче :) После се вратив на состав, пробував едно пола саат - саат со блинери, воблери, мушици, што се не (од време на време скокаше по некој клен во близина на обала), ама немаше удар, а и Треска беше доста матна.

Се на се, убаво поминавме, со оглед на надежите кои ги немавме, ради претходните информации :)

Следно одење на Козјак во Мај, кога ќе бидат стопени снеговите и намалена водата... :)

Неколку фотки во продолжение...

На разденување, без да знам дека во полото спие Акирибар ;)
[ img ]

Се сместивме на позиција и се греевме еден саат пред да почнеме да фрламе...
[ img ]

Водата мирна, преубава, малце брза, ама со поголема тапа и кочење, одлична :)
[ img ]

Акирибар е веќе разбуден и мести мамци некаде ;)
[ img ]

Ветерот не уби, цел ден не ја извадив капуљачата :)
[ img ]

Реката (речиси улив) со бранчиња...
[ img ]

Првата тура на попадики
[ img ]

На пат кон состав:
[ img ]
[ img ]

Не за џабе се вика Беличка...
[ img ]

На состав, водата од Беличка надојдена и прави беља...Десно е матната од Треска, не ја сликав! :)
[ img ]
[ img ]

И на крај, дел од рибите во домашна атмосфера (колегата од работа ги собра неговите - голем јадач бил), бидејќи отидов порано и ме собраа над состав од Треска, не стигнав да ги сликам на лице место...Тоа малото е кркушка, ја закачил татко ми, а мераклија е на кркушки ;)

http://pic.mk/images/dsc0031302502419.jpg

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Последна промена од 1 на Филип, променето е 0 пати

Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 11, 2011 8:44 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
filip ako ti e za uteha i jas so aki frlav na blinkeri i razni trakatanci do belicka bez uspeh a ako uspeam ce prikacam edna pastrmka od 3,5kg slikana predhodniot den koja za zal ne ja fativ jas

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 11, 2011 9:12 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
http://pic.mk/images/dsc0031302502419.jpg[/quote]

Само да напоменам дека при чистење ( моја задолжителна задача) скоро сите попадики беа полни со икра.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 11, 2011 12:19 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
ah toj vetar.... ne e vazno ste se druzele i zapoznale pa i nekoe ripce iskocilo.

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 11, 2011 1:11 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
:P :P :P
зал ми е сто вака ја претставувам рибата ,ама сакам само да пренесам импресии !!инаце овдека е исцистена ( се коси со правилата ама зирнете па це ја тргнам)...

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 11, 2011 2:34 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
tapa НапишиCOLON
:P :P :P
зал ми е сто вака ја претставувам рибата ,ама сакам само да пренесам импресии !!инаце овдека е исцистена ( се коси со правилата ама зирнете па це ја тргнам)...
massala ubavo parce,slikaj ja i podgotvena za jadenje i napisi ja receptata,i vo ribolovna kujna premestija.da ni potecat malca ligi :D :D :D

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 11, 2011 6:25 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
hahahh pozdrav ekipo ! ubavo sto se podruzivme na teren i zapoznavme ,mi beshe cest :)
a gledam ubavo ti legnala krmata pod nas si gi utepal egupkite ahahaah kako i da e ,so ili bez tornado, dobro beshe !!!
p.s. i mene stolceto pepel :lol: :lol: :lol: kobasite kuce ni gi izede,izgubiv cuvarka i eden catal,cel kotur konec u reka mi padna......hahahahahahahh

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 12, 2011 1:01 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
p.s. i mene stolceto pepel :lol: :lol: :lol: kobasite kuce ni gi izede,izgubiv cuvarka i eden catal,cel kotur konec u reka mi padna......hahahahahahahh[/quote]

Kучето што ви ги изело кобасиците цел поручек се моткаше и облизуваше тука, а кога тргнавте да си одите 10 пати се поклони - како јапонец... претпоставувам од ГОООЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 12, 2011 1:47 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 03, 2011 4:01 pm
МислењаCOLON409
ЛокацијаCOLONAERODROM
...а што не сте го свртеле кучето на скара штом толку претерало сте требале да го решите :lol: :lol: :lol:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 12, 2011 1:48 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
:lol: :lol: Море има да ги сонува тоа кучето нашиве рибаришта :lol:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 25 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum